„Без филтер“ со Христијан Бузалковски: „Јас сум единствениот мото-тркач без возачка за мотоцикл во Македонија“
- Детали
- понеделник, 19 јануари 2026
„Вистина е дека колку си послаб, толку си побрз, побрзо оди моторот. Јас сега имам 71-72kg, а кога сум во топ форма околу 68“, вели европскиот мото-шампион Христијан Бузалковски за CRNOBELO.com, и ни откри дека под туш не пее, туку - рапува.

Европскиот мото-шампион Христијан Бузалковски се подготвува за новата тркачка сезона која ќе почне наскоро.
И додека го подготвува моторот, а откако 5-та година по ред организираше донаторска акција за собирање новогодишни пакетчиња за децата кои немаат, тој одвои време и за неколку прашања за CRNOBELO.com.

Во видео-рубриката „Без филтер“ ни призна дека рапува под туш, но и дека е најверијатно единствениот македонски мото тркач кој нема возачка за мотор, па не го вози надвор од тркачката патека.
Што друго интересно ни кажа Христијан, погледнете во видеото:
Прочитајте и Мотоциклистот Христијан Бузалковски и пријателите собраа 1.600 пакетчиња за деца од ранливи категории: „Секој заслужува среќа“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело