Петар Грашо за CRNOBELO: „Дедо и зет секогаш мора да се караат - што и да ми предложи Тончи ќе му речам НЕ“

„Понекогаш ме нервира кога Хана остава мали парченца храна од ручекот во фрижидер, кои јас би ги фрлил. И никој не ги гледа 20 дена, па кога ќе почнам да го чистам фрижидерот, ги наоѓам и знам да се налутам. Тоа е најголемата ‘голема’ причина за расправија со неа“, искрен е Петар во видео-интервјуто за CRNOBELO.com.

petar-grasho-za-crnobelo-dedo-i-zet-sekogash-mora-da-se-karaat-shto-i-da-mi-predlozhi-tonchi-kje-mu-recham-ne-01.jpg

Хрватскиот шармер Петар Грашо е чест гостин во Македонија. Тука се чувствува како дома, тука имаше концерт дента кога неговата сопруга Хана почна да се породува со нивното прво дете, па веднаш по настапот во Охрид смени неколку авиони и автомобили за да стигне во Сплит за раѓањето на ќерката Алба.

А тука, кај нас, на 14 март ќе одржи и концерт со Дорис Драговиќ, дивата на југословенската музика.

„Со неа во 1998-ма го снимив својот прв дует, за песната ‘Што је то од мене остало’. Таа ми е драга пријателка, но и сосетка, живее на околу 200m од мене“, вели низ смеа Грашо во видео-интервјуто за CRNOBELO.com.

petar-grasho-za-crnobelo-dedo-i-zet-sekogash-mora-da-se-karaat-shto-i-da-mi-predlozhi-tonchi-kje-mu-recham-ne-05_copy.jpg
Грашо во интервју за CRNOBELO.com

Пејачот, кој на почетокот на кариерата свиреше во „Магазин“, бендот на неговиот „дедо“ (татко на сопругата) Тончи Хуљиќ, ни призна дека не би се вратил таму ни на 6 месеци.

„Тончи ми е дедо, а вие знаете дека зетот и дедото секогаш мора да се караат, така што, што и да ми предложи, јас нема да прифатам, ха, ха“, вели Петар.

petar-grasho-za-crnobelo-dedo-i-zet-sekogash-mora-da-se-karaat-shto-i-da-mi-predlozhi-tonchi-kje-mu-recham-ne-05.jpg

Ни призна дека ужива во романтичните вечери со сопругата, но и дека знае да се изнервира кога таа ќе собере 1-2 останати залчиња од ручекот, ќе ги стави во фрижидер, па ги заборава таму.

„Ние немаме оснос во кој има простор за многу расправии. Јас сум среќен што сум со неа и што сум мирен. Се познаваме многу долго, се знаевме семејно и пред нашата врска, имаме слични афинитети...

Но, понекогаш ме нервира кога остава некои мали парченца храна од ручекот, кои јас би ги фрлил, зашто се навистина мали парчиња, а таа не сака да фрла храна, па ја става во фрижидерот.

И секако, никој тоа не го гледа 20 дена, па таа ќе го заборави, а кога јас ќе почнам да го чистам фрижидерот, ги наоѓам и знам да се налутам. Тоа се најголемите ‘големи’ причини за расправија“, искрен е Петар.

petar-grasho-za-crnobelo-dedo-i-zet-sekogash-mora-da-se-karaat-shto-i-da-mi-predlozhi-tonchi-kje-mu-recham-ne-06.jpg

Пред да се роди ќерката Алба Грашо имаше настап во Охрид, па брзаше да си дојде дома, зашто Хана веќе била во болница и се породувала. А ноќта пред да се роди синот Тони, Петар се вратил од турнеја во Австралија.

„Стигнав во Загреб и ме поканија на еден роденден, но чувствував дека мора да одам во Сплит, иако на Хана уште не ѝ беше терминот за породување.

Утрото во 7 сопругата ме разбуди и рече дека е време да одиме во болница, за разлика од раѓањето на првото дете кога патував од Охрид до Скопје, па до Загреб, па од Загреб во Сплит.

Тука бев со неа додека се породуваше, така што го дочекав синот веднаш“, ни раскажа тој.

Што друго ни раскажа, погледнете во видеото:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Без филтер“ со Таско: „Си ги мразам нозете зашто ми се многу послаби од горниот дел на телото“ Кога на Таско без најава му кажавме „на лице место“ да смисли стихови за песна ш...
„Без филтер“ со Јанг Дади: „За добар љубовен состанок битно ми е да има добар вајб и да се разбираме... „Еднаш се правев мангуп пред другарите, па видов дека ми е отворен ‘шлицот’,“ от...
„Без филтер“ со Дадар: „Со задоволство ги шминкам другарките без пари“ „Ретко плаќам сообраќајни казни, а кога ќе ме застане полиција пробувам да се из...
„Без филтер“ со Александар Динев: „Се правам дека не гледам некој кога сакам да избегнам средба“ „Немам другари. Немам нешто многу другари во животов, мислам имам, ама повеќе се...
„Без филтер“ со Иван Јованов: „Сопругата ми замерува кога ги растурам алиштата и така ги оставам“ „Што ќе направам кога ќерката ќе почне да носи дечковци дома? Ау тоа ми е голем ...
Српскиот шминкер Стефан Суботиќ ме нашминка за 5 минути во Скопје - Сподели лесни трикови (видео) На прашањето „Која е најголемата грешка што ја прават жените кога се шминкаат?“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg