Ја посвоиле како бебе, денес живее во раскош и луксуз – како изгледа ќерката на најбогатиот Србин, Филип Цептер?

Мајка ѝ рече дека се гордее што успеала да стане родител и истовремено да исправи неправда во мигот кога ја посвоиле ќерката во 2000-та година. Ема Цептер имала среќа, па израснала во семејството на најбогатиот Србин кој ја изгради империјата „Zepter“, а денес редовно споделува фотографии од својот раскошен и луксузен живот.

ja-posvoile-kako-bebe-denes-zhivee-vo-raskosh-i-luksuz-kako-izgleda-kjerkata-na-najbogatiot-srbin-filip-cepter-01.jpg

Милан Јанковиќ попознат како Филип Цептер (72) е еден од најпознатите српски бизнисмени. Во последните 30-тина години тој успеа да ја изгради империјата позната како „Zepter“, која се занимава со производство и продажба на високо квалитетни садови за готвење.

ja-posvoile-kako-bebe-denes-zhivee-vo-raskosh-i-luksuz-kako-izgleda-kjerkata-na-najbogatiot-srbin-filip-cepter-02.jpg

Во 2016-та година, магазинот Forbes процени дека Цептер поседува богатство од околу 5 милијарди долари.

Милан на возраст од 29 години заминал во Австрија за да го усоврши германскиот јазик, но набрзо одлучил да остане таму, а потоа стапил во брак со Мадлена, професорка по книжевност која израснала во семејство каде мошне се ценеле уметноста и културата.

ja-posvoile-kako-bebe-denes-zhivee-vo-raskosh-i-luksuz-kako-izgleda-kjerkata-na-najbogatiot-srbin-filip-cepter-03.jpg

Филип и Мадлена живеат во Монако, Париз, Виена и Милано, а од 2000-та година ја посвоиле и ќерката Ема.

„Во нашиот живот таа влезе еден декемвриски ден во 2000-та година и веднаш се вгнезди во нашите срца и го отвори просторот што порано го немаше.

Убаво е кога човекот може да се оствари како создавач, а потоа и да стане родител, а уште подобро е кога можете да ја исправите неправдата и наместо болка, да создадете – љубов.

Мене ми се случи и првото и второто“ – рече Мадлена во една прилика.

ja-posvoile-kako-bebe-denes-zhivee-vo-raskosh-i-luksuz-kako-izgleda-kjerkata-na-najbogatiot-srbin-filip-cepter-04.jpg

Ема денес има 22 години, а во моментов студира психологија во Лондон, но благодарение на својот статус и потекло таа има голем број следбеници на социјалните мрежи.

На Инстаграм неа во моментов ја следат над 14.000 следбеници, а таму редовно објавува фотографии од луксузниот живот во кој живее.

ja-posvoile-kako-bebe-denes-zhivee-vo-raskosh-i-luksuz-kako-izgleda-kjerkata-na-najbogatiot-srbin-filip-cepter-05.jpg

Престој во луксузни вили, со базени, патувања со приватни авиони и на егзотични дестинации се само дел од нејзиното секојдневие.

Погледнете повеќе фотографии од Ема во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Србинка со хит споредба: Мојот маж кога се слика со мене vs. кога се слика со рибите Сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ се пошегува на тема, во која ќе се прона...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Убава и успешна: Како изгледа денес и што прави најстарата ќерка на Горан Бреговиќ? Свири клавир, но никогаш не помислила да ги следи стапките на татко ѝ туку има п...
Србин е хит на Инстаграм со смешните видеа инспирирани од животот на Балканците Дали трчате кон прозорот за да видите што се случува кога ќе помине возило на бр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg