Заради сопругот се откажа од кариерата, а тој ја напушти прерано – Факти за турската актерка со македонско потекло, Озгу Намал
- Детали
- сабота, 17 јуни 2023
По првиот срцев удар на сопругот побегнале на село, за да живеат мирен и повлечен живот, но доживеала огромна трагедија кога едно утро го нашла неговото безживотно тело во домот – Факти за убавата турска актерка со македонско потекло, Озгу Намал.
Македонската публика ја помни по улогите во турските серии „Долина на волците“, „Имотот на дамата“ и „Милост“.
Во „Долина на волците“, Озгу Намал (45) ја играше првата и најголема љубов на Полат Алемдар, Елиф, и остана запаметена токму по оваа улога, а потоа целосно се повлече од јавниот живот.
Mалкумина знаат дека таа има македонски и грчки корени, а речиси 10 години воопшто не снимала филмови и серии.
Неколку интересни факти за убавата турска актерка Озгу Намал:
Озгу е родена во Истанбул во 1978-ма година. Семејството на мајка ѝ е со потекло од Солун, Грција, а семејството на татко ѝ, пак од Македонија.
Почнала да глуми во детски театарски претстави уште од најмала возраст, а на 16 години била примена во драмската секција на Државниот Конзерваториум во Истанбул. Оттогаш започнува нејзината блескава актерска кариера.
Првата филмска улога ја добила во 2002 година во филмот Sir Çocuklari, а потоа се појавила во голем број серии и филмови.
Во мигот кога била на врвот на кариерата, Озгу го запознала 9 години повозрасниот Ахмет Сердар Орал, човекот со кого ќе се омажи и поради кој ќе се откаже од филмските улоги за да живее мирен и повлечен живот, подалеку од метежот.
Озгу и Ахмет живееја на фарма во Мула, Турција, каде заедно добија две деца. Наводно ваквата одлука ја донеле откако претходно Ахмет имал еден срцев удар и дал отказ на работното место, а деновите ги поминувал со медитација и одмор.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





