Софија Мило се трансформира во Барби и ја најави свадбата со партнерот по секс-скандалот со Немања Гудељ
Лука тогаш се обиде да ги демантира гласините, така што на Инстаграм објави заедничка фотка со Гудељ.
Немања подоцна почна врска со Анастасија Ражнатовиќ и планираа свадба откако ќерката на Цеца остана бремена, но таа го загуби бебето во 5-тиот месец од бременоста.
Софија претходно беше свршена за Филип Живојиновиќ (посинокот на Лепа Брена), но никогаш не откри зошто ја раскина свршувачката.
Таа во 2019-та година беше дел од уште еден секс-скандал, кога медиумите објавија дека имала афера со фудбалерот Душко Тошиќ, во времето додека тој беше во брак со Јелена Карлеуша.
Софија и Душго ги демантираа гладините.
На вчерашната премиера Софија зборуваше и за Карлеуша, па рече дека се дружат веќе 5 години и дека дури и ја поканила да дојде на проекцијата на филмот, но Јелена одбила бидејќи имала обврски околу снимањето на албумот.
Манекенката призна и дека луѓето често ја споредувале со Барбика низ годините и дека за неа важел стереотипот „Манекенка е, значи мора да е глупава“, а тоа многу ѝ пречело кога била во своите 20-ти години.
„Сега веќе знам да се носам со тоа и не ми пречи. И да, би сакала да имам кукла со мојот лик во стилот на Барби“, откри таа.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело