„Не сакаше ни да готви, ни да работи“: Ненад Кнез првпат прозборе за разводот со мајката на Ксенија од „Hurricane“

„Со тогашната сопруга долго имавме несогласувања. Еден од проблемите беше што не работеше, беше фокусирана само на децата. Сакав да ја вработам некаде, не за парите, туку за да прави нешто во животот. Не сакаше. Ѝ отворив бутик, но нејзината филозофија во животот беше да не работи. Не сакаше ни да готви, па јас го правев тоа“ – вели во интимна исповед пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез.

ne-sakashe-ni-da-gotvi-ni-da-raboti-nenad-knez-prvpat-prozbore-za-razvodot-od-majkata-na-ksenija-od-hurricane-01.jpg

Црногорскиот пејач Ненад Кнежевиќ Кнез по 11 години првпат јавно прозборе за разводот од првата сопруга Нина, со која има две ќерки - Андреа и Ксенија која пееше во групата Hurricane.

Интимната исповед на Кнез ја изненади јавноста, откако откри дека тој побарал развод од сопругата бидејќи таа не сакала да готви и да работи.

Кнез и Нина се разведоа во 2012 година, по 17 години брак. Пејачот во интервју вели дека не му било ни малку лесно да стави точка на бракот, но дека во последните години имале многу проблеми кои не можеле да ги решат.

„Мојата тогашна сопруга и јас имавме несогласувања долго пред разделбата. Еден од проблемите беше што таа не работеше, беше фокусирана само на нашите деца. Сакав да ја вработам некаде, не за парите што ќе ги зема, туку за да прави нешто во животот. Но, таа не сакаше.

Дури ѝ отворив и бутик, но нејзината филозофија во животот беше да не работи. Не сакаше ни да готви дома, па јас го правев и тоа“ – вели Кнез, кој е еден од најпопуларните црногорски пејачи.

ne-sakashe-ni-da-gotvi-ni-da-raboti-nenad-knez-prvpat-prozbore-za-razvodot-od-majkata-na-ksenija-od-hurricane-03.jpg

Музичарот призна дека една од најтешките одлуки во животот му била да се разведе. Долго размислувал што да прави, а потоа во 2010 година добил покана да учествува во реалното шоу „Survivor“.

Бидејќи му требала промена и да се тргне од секојдневните проблеми, Кнез решил да ги спакува куферите, да отпатува на Филипините еден месец и да размисли за сè.

„Благодарение на мојот авантуристички дух, ја прифатив понудата да се натпреварувам во третата сезона на 'Survivor' со познати личности. Природата и тишината што владеат на островот ме ресетираа и ми помогнаа да размислувам за мојот живот. Мозокот ми се врати во нормала.

Тогаш решив дека дефинитивно ќе се разведам. Можеби звучи неверојатно, но 32 дена борба за живот во џунглата ми помогна да сфатам дека разделбата од сопругата е единственото решение за мене“.

ne-sakashe-ni-da-gotvi-ni-da-raboti-nenad-knez-prvpat-prozbore-za-razvodot-od-majkata-na-ksenija-od-hurricane-02.jpg

Откако се вратил од Филипините, Кнез на сопругата ѝ однел документи за развод и го напуштил станот.

„Иако јас сакав да прекинеме, тешко ми беше да го поднесам разводот. Сето тоа беше неверојатно стресно за мене. Многу се плашев за нашите ќерки, кои не беа мали и се чувствуваа лошо што нивните родители се разведуваат.

Поради нив две поминав преку многу работи со Нина, за тие да не почувствуваат ништо. На крајот сè испадна како што треба“, вели тој.

ne-sakashe-ni-da-gotvi-ni-da-raboti-nenad-knez-prvpat-prozbore-za-razvodot-od-majkata-na-ksenija-od-hurricane-04.jpg

Кнез и Нина имаат две ќерки, Андреа и Ксенија. Ксенија се прослави преку групата Hurricane, со која настапи и на Евровизија. А, Кнез за цело време ѝ беше голема поддршка и ја бодреше во кариерата.

По разводот од Нина, Кнез почна врска со Татјана Тот.

„Не се венчавме бидејќи таа хартија не ни значи ништо. Многу добро функционираме и на овој начин. Кога ја работев песната 'Тина бамбина', ја запознав Татјана на мојот настап во Париз, каде што живееше и работеше долго време.

Кога ми кажа дека нејзиниот прекар е Тина, веднаш знаев дека тоа е песна за неа. Ние двајца се запознавме пред 25 години, а пред 11 години повторно се споивме и оттогаш живееме заедно“, рече Кнез.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава