„Женкар, по раскинувањето со Розга ги менува девојките како чорапи“ – Стјепан Хаусер на лош глас откако објави фотки со нова девојка

„Сфаќаме, девојките те сакаат, но зошто секоја недела нова девојка? Веќе го отследив на Фејсбук, но ќе го отследам и од Инстаграм“, „Откако раскина со Розга стана класичен женкар“ - последната објава на Стејап Хаусер предизвика многу бурни реакции меѓу фановите.

zhenkar-po-raskinuvanjeto-so-rozga-gi-menuva-devojkite-kako-chorapi-stjepan-hauser-na-losh-glas-otkako-objavi-fotki-so-nova-devojka-01.jpg

Некогашниот виолончелист на 2 Cellos, Стјепан Хаусер, повторно крена прашина меѓу фановите откако на својот Инстаграм профил сподели фотографии со мистериозна девојка на која ѝ го честиташе роденденот.

Тој и згодната девојка делувааат блиски и среќни додека позираат.

„Среќен роденден на мојата драга пријателка Л“, напиша Стјепан, но ги исклучи коментарите, откако доби многу негативни пораки од фановите на претходните објави.

Луѓето кои ја следат неговата кариера, делуваат разочарани и на моменти згрозени од однесувањето на Хаусер, кој многу често ги менува девојките и постојано објавува фотки со нови жени за кои „алудира“ дека му се партнерки.

„Ги менува жените како долна облека“, „Ја сакам твојата музика, но има премногу жени околу тебе“, „Ја сакам неговата музика, но... дали е женкар?“, „Сфаќаме, девојките те сакаат, но зошто секоја недела нова девојка? Веќе го отследив на Фејсбук, но ќе го отследам и на Инстаграм“, „Откако раскина со Розга стана класичен женкар“, „Не е привлечно да се гледаат нови девојки секоја недела“, се само дел од коментарите на неговите следбеници.

По раскинувањето на двегодишната љубовна врска со Јелена Розга во 2017 година, Стјепан не потврди ниту една нова љубов, иако објавуваше фотографии и видеа како се бакнува со некои од жените со кои го поврзуваа.

zhenkar-po-raskinuvanjeto-so-rozga-gi-menuva-devojkite-kako-chorapi-stjepan-hauser-na-losh-glas-otkako-objavi-fotki-so-nova-devojka-02.jpg

Се шпекулираше дека тој е во врска со водителката Фани Стипковиќ откако објави заедничка фотографија, но таа демантираше. Потоа објави фотографии со манекенката и пејачка Валентина Анџелика со која сними неколку дуети, а нивните објави навестуваа дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство.

За виолончелистот се зборуваше и дека е во врска со светски познатата пијанистка Лола Астанова, но ни таа ни тој никогаш не ги потврдија гласините.

Неодамна Хаусер почна да објавува фотографии со Украинката Марија од романтично патување во Рим и по италијанското крајбрежје.

Но, брзо потоа руската блогерка Енџи на својот профил сподели фотографија со виолончелистот на која стави интересен опис.

„Меден месец“, напиша таа.

Покрај сето ова, на Инстаграм профилот на Хаусер има десетици романтични објави со различни, честопати мистериозни жени, но и многу фотографии со неговата мајка. Тие, пак, предизвикуваат многу позитивни реакции во јавноста и фановите го фалат секојпат кога ќе објави нешто со неа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му роди син на Лука Јовиќ, сега чека второ дете со друг српски фудбалер – Необично откривање на пол ... Парот и двете деца изгледаат здрвено и збунето, без посебни реакции за радост - ...
Девојка му нацрта патики на Јаков Јозиновиќ и го трогна со потегот - таа со солзи откако виде како и... „Ова го нацрта ти? Не е ChatGPT?“ - вели Јаков воодушевен од потегот на девојка ...
Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Девојка од Лесковац, на работ од смртта поради цистична фиброза, доби лек, па пронајде љубов и е 4-т... „Пред неколку години, поимот бременост за мене беше како далечен сон. Нешто убав...

Најчитани неделава