Девојка од Лесковац, на работ од смртта поради цистична фиброза, доби лек, па пронајде љубов и е 4-ти месец бремена
- Детали
- среда, 24 септември 2025
„Пред неколку години, поимот бременост за мене беше како далечен сон. Нешто убаво, но недостижно. Како да не е за мене. Животот со цистична фиброза често значи носење на цела серија „не можеш“, „не смееш“, нема да успееш“...“, вели емотивно Мина Јуларџија, која откри дека очекува дете, по сите здравствени предизвици.

Мина Јуларџија е девојка од Лесковац, Србија со цистична фиброза, која 20-тиот роденден го славеше со торта „Сакам Трикафта“, а кратко потоа успеа да го добие лекот кој за неа, и за пациентите со оваа болест, живот значи.

Потоа, таа откри дека ја имала најубавата година во животот, дека во 2022 година ѝ се подобрил капацитетот на белите дробови, имала енергија за да сонува, шета и да ги реализира своите соништа, немала ниту една хоспитализација и конечно дишела.

Се отсели од дома, се запиша на студии, пронајде љубов и сега е бремена. Буквално, го живее својот сон.
Таа е борец, инспирација, полна е со љубов кон животот и е вистински идол за многумина.

И во миговите кога не оди, не се плаши да се прикаже на Инстаграм во реално светло, и болна и ранлива и кршлива, нешто за кое ретко кој има храброст во денешно време.
Прочитајте и Србинка (21) со исповед од болница: „Не, не сум луда што се снимам болна - тоа е реалноста и нејзината вистинска убавина“

Но, сега едноставно блеска, а својата радост ја сподели на Инстаграм со фотографија од трудничкото стомаче.
Нејзината објава гласи:
„Тек сум на почетокот од бременоста, во четвртиот месец и ме чека долго патување, па не сум сигурна дали сум доволно компетентна да зборувам за бременоста.
Но, ако се водам од мојот ентузијазам и вера, можам да кажам дека ќе ја носам со најголема леснотија, како што сум навикната...

Пред неколку години, поимот бременост и тоа со моето бебе, за мене беше како далечен сон. Нешто убаво, но недостижно. Како да не е за мене.
Животот со цистична фиброза често значи носење на цела серија „не можеш“, „не смееш“, нема да успееш“...
Но, потоа животот се случува. Се случува чудо.
