Девојка од Лесковац, на работ од смртта поради цистична фиброза, доби лек, па пронајде љубов и е 4-ти месец бремена

Денес во мене расте токму тој сон. Жив, реален, нежно упорен.

Денес моето тело, кое помина низ многу борби, станува дом на нов живот.

Се менува секој ден, во потребите, во ритамот, во чувствата. И сето тоа го прифаќам со огромна благодарност, но и со доза неверување, бидејќи сум првпат бремена.

Не сакам да ви раскажувам за тешкотиите, повраќањето или дали јадам кисели краставици. За тоа зборуваат скоро сите.

Сакам со оваа фотографија да запишам еден момент кој ми значи повеќе од сѐ, моментот кога сум свесна дека живеам нешто што некогаш го сонував.

Затоа нека оваа фотографија нека биде повеќе од објава. Нека биде потсетник за мене, но и за вас - дека невозможното не постои.

Чудата понекогаш растат бавно, тивко, незабележително… но растат.

Чудата се реални. И никогаш, никогаш не смете да се откажете.

Сонувајте. Мечтајте. Борете се. И кога ќе ви кажат дека не можете, продолжете.

Бидејќи можеби веќе утре ќе живеете она за што денес се боревте“.

Кликнете на видеото од откривањето на полот:

Прочитајте и Мина, девојка од Србија со цистична фиброза, по 400 денови повторно во болница: „Животот ме потсети што добив во 2022“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Му роди син на Лука Јовиќ, сега чека второ дете со друг српски фудбалер – Необично откривање на пол ... Парот и двете деца изгледаат здрвено и збунето, без посебни реакции за радост - ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
Го покажа мускулестото тело, насмеан со сопругата - По 1 месец „илегала“, синот на Цеца објави фотки... Синот на Цеца ја напушти Србија и се пресели во Русија за да тренира бокс и да ѝ...
Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg