Девојка му нацрта патики на Јаков Јозиновиќ и го трогна со потегот - таа со солзи откако виде како и тој ја испочитува (видео)
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2026
„Ова го нацрта ти? Не е ChatGPT?“ - вели Јаков воодушевен од потегот на девојка која му нацрта патики со неговиот кавер од албумот и од концертот во Загреб, а потоа таа шокирана и со солзи откако видела дека тој ги носи патиките на втората концертна вечер во арената.

Јаков Јозиновиќ „растури“ со својата турнеја низ регионот, а последно приреди вистински спектакл во Загреб, кога двете концертни вечери, успеа да ја наполни арената и да приреди незаборавно шоу.
Првата вечер гости му беа Матија Цвек и Александра Пријовиќ, а на втората вечер ги воодушеви сите со изненадувањето на вечерта – Јосипа Лисац.
Но, измеѓу овие два концерта, освен што тој ја изненади публиката со гостите, и самиот остана шокиран од едно пријатно изненадување, кое му го приреди една обожавателка зад сцена.
Станува збор за Ива Ивчиќ, Хрватка која професионално црта мини уметнички дела на патики, а токму еден таков пар ѝ било животна желба да му нацрта и подари на Јаков.

Таа го снимила процесот на цртање на патиките, на едната го нацртала него во Арена Загреб, а на другата е каверот од неговиот албум кој неодамна го издаде „Ja za cuda letim“.
На двете патики ги има неговите иницијали и стихови од неговите нови песни.

Ива успеала да стигне до него и го снимила моментот кога му ги подарува, а тој изненаден вели:
„Дали си ти нормална? Ова ти го нацрта? Не е ChatGPT? Се шегувам, ти благодарам, не знам што да кажам, што да ти подарам јас на тебе после ова, карти за концерт...“.

Погледнете го видеото:
Но, не само што Јаков бил воодушевен од гестот, тој дури и ги облекол патиките како дел од стајлингот за втората вечер од концертот во Загреб.
Возбудената девојка на Инстаграм ја сподели целата приказна зад овој момент:
„Уште од првиот месец зборував дека ќе ги нацртам овие патики, толку многу што веќе им одев на нерви на пријателите.
Иако не знаев како ќе го изведам тоа, јас си реков дека тој ќе ги добие тие патики за својата прва Арена Загреб, за да му останат како спомен, а потоа сè почна полека да се мести за таа желба да се исполни.
Набргу потоа го сретнав Јаков во теретаната во која одам и му влетав со реченицата: „Јас не сакам слика, но би сакала да ти нацртам патики“.

Секако, во тој момент не го прашав кој број на обувки носи и како да го изведам тоа, па морав да се снаоѓам на други начини. Распрашував луѓе, праќав пораки и дојдов до бројот на патики што го носи, а потоа остана само прашањето како да му ги предадам.
Но, на крајот коцките се поклопија и по сплет на околности, сосема неочекувано запознав луѓе кои ми помогнаа да го остварам ова.
И кога ја видов неговата реакција, но и реакцијата на луѓето околу него, си реков - тоа е тоа, успеав во својата намера и среќна си заминав дома.

А потоа – ШОК! Моите патики се дел од стајлингот на вториот концерт. Не можев да поверувам, среќата беше огромна и само ќе кажам дека тоа е најубавото и најголемото „благодарам“ и доказ дека упорноста и трудот се исплатат“.

M. M. | Црнобело