„Шехерезад“ го смени имиџот: Актерката Бергузер Корел од бринета стана фатална русокоса
- Детали
- вторник, 22 август 2023
Популарната Шехерезад плени и како русокоса. Актерката Бергузер Корел го смени имиџот и предизвика воодушевување кај фановите кои велат дека е прекрасна.
Турската актерка Бергузар Корел, најпозната како Шехерезад, го смени имиџот за снимањето на новата серија „Düğüm“.
Популарната бринета наместо препознатливата кафена бујна коса, сега е русокоса потстрижена во боб.
Оваа промена им се допадна на фановите кои коментираат дека иако е непрепознатлива, сепак е прекрасна и дека очигледно нема нешто што не ѝ стои добро.
Но, имаше и такви кои новиот имиџ на Бергузар го споредија со оној на популарната турска новинарка и телевизиска презентерка, Есра Ерол.
Есра и Бергузар се добри пријателки и честопати споделуваат заеднички фотки на социјалните мрежи, но овојпат фановите ги споредија нив две.
„Бергузар личи на Есра“, „Мене ми е оригиналот поубав“, велат во коментарите.
Споредбата помеѓу двете дами доаѓа не само поради фризурата, туку и улогата Корел што ја има во новата серија, а каде што глуми новинарка.
Таа го игра ликот на Неслиха Турхан, новинарка која води емисија за досиеја на исчезнати лица и за убиства.
Но се наоѓа пред предизвик кога нејзиниот единствен син ќе биде обвинет за убиство на нејзина пријателка.
Снимањето на серијата почна неодамна, и ова е прва турска серија снимена во соработка со Amazon Prime.
Премиерата се очекува во 2024 година.
Паралелно со серијата, популарната Шехерезад го снима и филмот „10 Seconds“, чија реализација е при крај, и живее на релација Лондон – Истанбул.
Таа и сопругот, актерот Халит Ергенч, пред неколку години се преселија во Лондон, каде што живеат со нивните три деца, синовите Али и Хан и ќерката Лејла. Кога снимаат, тие се враќаат во Истанбул.
Инаку, ова се првите улоги на Бергузар по подолга пауза, која ја направи поради бременоста и раѓањето на децата.
Прочитајте и Диетата на омилениот турски пар - актерите кои ги глумеа Шехерезад и Онур: Tој ослабе 14kg, таа 7kg
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
