Позира без шминка, згодна во бикини - „Шехерезад“ на 42 години делува двојно помладо (фото)
- Детали
- сабота, 26 јули 2025
Актерката Бергузер Корел сподели фотографии без шминка и во бикини, а следбениците коментираат дека многу помлади девојки може да ѝ позавидат на изгледот, но и дека има совршено тело и покрај тоа што родила три деца.

Бергузер Корел (42), или популарната Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, блеска на почетокот на петтата деценива од животот.
Таа одамна важи за една од најубавите актерки во Турција - природна, секогаш насмеана, позитивна.

Таква е и на фотографиите што ги објави на Инстаграм од почетокот на летото, од кои еден дел се направени за време на нејзиното летување во Мармарис, каде што беше со сопругот и трите деца.
Таа сподели фотографии без шминка, но и во бикини, па следбениците коментираат дека многу помлади девојки може да ѝ позавидат на изгледот, но и дека има совршено тело без оглед на тоа што родила три деца.

Бергузер последниве години не е толку активна со телевизиските проекти, а наместо да снима, времето го посветува на семејството.
Во брак е со актерот Халит Ергенч (Сулејман Величествениот), со кого има три деца.

Тие важат за еден од најскладните парови во Турција, иако не е тајна дека Халит ја оставил својата претходна сопруга за да биде со Бергузер.
Погледнете повеќе фотографии:

