Смени 3 аутфити, жежок танц со Милица Павловиќ, името ѝ светеше на Кулата Белград – Јелена Карлеуша направи спектакуларна промоција на двата албума

Пејачката се преоблече и третпат, во краток бел фустан, во кој остана до крајот на вечерта.

Но, Карлеуша, воодушеви и со формата на телото, па на социјалните мрежи коментираат дека е ослабната и во топ форма, но и дека може да се најде на насловната на „Vogue“.

Но имаше и такво кои велат дека Карлеуша не е ни оддалеку толку убава како на сликите.

„Што е со луѓето, дали навистина веруваат дека Јелена Карлеуша има природна убавина и не користи фотошоп на фотките. Што ви е луѓе, каква болест е ова?“ - пишуваат на Твитер.

Меѓу гостите на промоцијата беа и Милица Павловиќ и раперот Девито, со кого Јелена сними дуети, по еден за двата албума.

Со Милица играа додека ја пееја нивната заедничка песна „Mashallah“, a гостите ги гледаа воодушевено и снимаа.

За потсетување, откако го промовираше албумот „Alpha“ на 14.08, кој го најавуваше долго време, Карлеуша ги изненади своите фанови и по само 1 недела (на 20.08) најави дека снимила уште едена албум, „Omega“.

Прочитајте и „Фијаско, ја копираш Гага“: Јелена Карлеуша со спот од 250.000 евра, еротско издание и билборди низ Белград поттикна лавина реакции

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семе... „Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромисл...

Најчитани неделава