Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подобро отколку во младоста

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се јаде месо, риба и зеленчук, кои се подготвуваат на медитерански начин. Како Колинда Грабар Китаровиќ ја доведе линијата до совршенство?

poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-se-prepolovi-oslabe-30kg-i-na-55-godini-izgleda-podobro-otkolku-vo-mladosta-01.jpg

Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, се преполови – таа ослабе околу 30kg и на 55 години изгледа подобро отколку во младоста, вели јавноста.

Таа на Инстаграм објави фотка во маскирни панталони и маичка, а на која се гледа дека формата ја довела до совршенство, па доби комплименти за изгледот.

Колинда со години велеше дека ѝ е многу жал што нема време да вежба и така да го намали вишокот килограми.

Дополнителен проблем ѝ беа и болките во раката и таа во минатото велеше дека има моменти кога едвај успева да ја движи.

Но, разликата во изгледот е очигледна, а споредVečernji.hr, новата фит линија на Колинда се должи на липосукциската диета.

Станува збор за режим на исхрана кој се заснова на внес на природни масти, а се елиминираат јаглехидратите.

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат и протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се консумираат месо, риба и зеленчук кои се подготвуваат на медитерански начин.

Според хрватските медиуми, за појадок и ручек при оваа диета се пијат протеински шејкови, а се внесуваат и додатоци во исхраната, т.е. аминокиселини и растителни влакна.

Главен оброк при оваа строга диета е вечерата, а тогаш се јаде варен зеленчук (брокула, карфиол), месо (чисто, на пример пилешко, телешко и јагнешко, а се избегнува свинкото) и риба (лосос или туна).

Со вечерата се дозволени и салати, но најчесто зелени: марула, зелка, краставица.

Овошјето и јаглехидратите се строго забранети и воопшто не се консумираат.

Диетата не е поврзана со липосукцијата (и покрај името), туку подразбира строг, но здрав начин на исхрана.

Оваа диета ја пробаа и Тијана Дапчевиќ, Викторија Лоба, Неда Украден, Сузана Манчиќ, но и светските ѕвезди Џенифер Анистон и Моника Белучи.

Повеќе фотографии од Колинда Грабар Китаровиќ на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вељко се забавува со сопругата во Шпанија, по раѓањето на внукот: „Ражнатовиќи и прават и раѓаат син... Среќниот вујко веднаш отпатува во Шпанија по породувањето на Анастасија, а остан...
Ѝ беше вработен, сега сопруг и најголема љубов: Теа Таировиќ објави ретки фотки со саканиот Иван, по... Теа Таировиќ веќе една година ужива во брак со својот мускулест возач и телохран...
Ќе се мажи Ксенија од „Hurricane“ - Се сврши на Санторини, има имотен партнер, тато Кнез е пресреќен Се сеќавате ли на трите атрактивни девојки од „Hurricane“? Сега, секоја од нив г...
Планираа свадба, ја исфрли од дома и се ожени со друга - Љубовната приказна на Катарина Радивојевиќ ... Oна што изгледаше како прекрасна љубовна приказна која траеше 10 години, се прет...
Полубратот на Филип Живојиновиќ доби ќерка - Александра Пријовиќ му запеа на мекици во дует со Јозин... Полубратот на Филип, кошаркарот Марио Накиќ, доби ќерка со тенисерката Лена Карл...
Анастасија Ражнатовиќ објави моменти од бременоста што ја криеше и прва фотка со бебенцето Една недела откако се породи, Анастасија објави труднички фотки – со сопругот го...

Најчитани неделава