Планираа свадба, ја исфрли од дома и се ожени со друга - Љубовната приказна на Катарина Радивојевиќ и Оливер Мандиќ
- Детали
- недела, 05 октомври 2025
Oна што изгледаше како прекрасна љубовна приказна која траеше 10 години, се претвори во кошмар за Катарина Радивојевиќ, бидејќи Оливер Мандиќ ја прекина нивната врска преку ноќ - само ѝ кажал да го напушти заедничкиот стан до следното утро.

Една од најубавите актерки во регионот, Катарина Радивојевиќ, е позната и по тоа што вешто го крие љубовниот живот од очите на јавноста.
За неа се знае дека го љубеше холивудскиот заводник Бенисио Дел Торо, а дека една од најдолгите врски ѝ беше со музичарот Оливер Мандиќ.
Катарина (46) и Оливер (72) беа во љубов 10 години, но ретко се појавуваат заедно во јавноста.
На почетокот актерката велеше дека е пресреќна што нашла маж кој ја разбира и ја поддржува во кариерата, особено што во тоа време таа беше на врвот на својата слава.
Долго време живееја заедно и изгледаа како хармоничен пар, а наводно и планираа да застанат пред олтарот.
Сепак, тие никогаш не си кажаа „ДА“.
Катарина била толку многу заљубена во познатиот пејач што планирала брак и семеен живот со неколку деца.
Но, она што навидум изгледаше како прекрасна љубовна приказна, се претвори во кошмар за актерката, бидејќи музичарот ја прекина нивната врска преку ноќ.
Според пишувањата на таблоидите во тоа време, една вечер Оливер само ѝ кажал на Катарина дека мора да го напушти станот што го делеле и дека мора да си замине до следното утро.
Причината за ова е што тој се заљубил во 22 години помладата Маја Козлица, која тоа време била една од директорите на Белградскиот саем.

Брзо откако почна да се гледа со Маја, Мандиќ и се ожени со неа, а потоа добија и ќерка.
Никогаш не зборуваше јавно за врската со Катарина, но неколкупати истакна дека покрај Маја го пронашол мирот и она што го барал со години, дури и додека бил во врска - семејна среќа и искрена љубов.
А. Ј. | Црнобело