Вељко се забавува со сопругата во Шпанија, по раѓањето на внукот: „Ражнатовиќи и прават и раѓаат синови“
- Детали
- вторник, 21 јули 2026
Среќниот вујко веднаш отпатува во Шпанија по породувањето на Анастасија, а остана неколку дена со сопругата со која шетаа низ градот и се забавуваа во ноќни клубови. За раѓањето на внукот изјави: „Ражнатовиќи и прават и раѓаат синови“, на што Цеца му одговори: „Дечко, сестра ти е Гудељ“.

На 15.06.2026 се породи Анастасија Ражнатовиќ и со Немања Гудељ станаа родители на син.
Веста ја објави таткото еден ден подоцна и откри дека се вика Илијан, како и дека мајката и бебето се добро.

Иако Цеца беше кај ќерката во последните денови од бременоста, сепак морала да се врати заради ангажмани и не беше таму за раѓањето, но планот ѝ е веднаш штом заврши со настапите да замине во Шпанија кај внукот.
Во меѓувреме, братот на Анастасија, Вељко, и неговата сопруга Богдана, уште веднаш по веста заминаа кај сестра му.
Освен што прославија за раѓањето на внукот, тие ги искористија и следните неколку денови за шетање низ Севиља и забава во ноќни клубови, па споделија неколку фотки.


Претходно, додека Цеца даваше изјава за медиумите за породувањето на ќерка ѝ, ѝ се јави синот Вељко со видео повик, па на прашањето што има да изјави среќниот вујко, тој рече:
„Ражнатовиќи и прават и раѓаат синови“, на што Цеца му одговори: „Дечко, таа е Гудељ“, а тој вели: „Добро секако, но се роди како Ражнатовиќ“.
Среќната баба откри и дека иако тие не биле многу покрај Анастасија, семејството на Немања цело време ѝ било поддршка.
M. M. | Црнобело