Вељко Ражнатовиќ со сопругата и трите сина на одмор во Кипар, во куќата на Цеца - ловат риба, ги учи да боксуваат
- Детали
- петок, 03 јули 2026
Вељко го тера најголемиот син да тренира бокс и му дозволува да го удира во стомакот, а го учи и риболов. Семејството секое лето традиционално одмора во куќата на Цеца во Аја Напа.

Синот на Цеца со семејството ужива на одмор на Кипар. Боксерот Вељко Ражнатовиќ е со сопругата Богдана и нивните три сина Жељко, Крстан и Исаија.

Тие инаку традиционално ги поминуваат летните месеци во семејната куќа во Аја Напа каде што не пропуштаат никакви атракции, па од забавен парк до крастарење таму, тие уживаат.
Гордиот татко сподели семејна фотографија на социјалните мрежи, направена за време на вечерно излегување во локален забавен парк.

На фотографијата брачниот пар позира насмеан додека во прегратка ги држат помалите синови Крстан и Исаија, додека најголемиот Жељко е во центар на вниманието, покажувајќи мускули пред нив.
Богдана блеска во летен фустан со розови мотиви, додека Вељко е во спортско издание.

Тој покрај летните активности, се труди и на своите наследници да им ја пренесе љубовта кон боксот, oсобено на најголемиот.



С. С. | Црнобело