Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подобро отколку во младоста

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се јаде месо, риба и зеленчук, кои се подготвуваат на медитерански начин. Како Колинда Грабар Китаровиќ ја доведе линијата до совршенство?

poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-se-prepolovi-oslabe-30kg-i-na-55-godini-izgleda-podobro-otkolku-vo-mladosta-01.jpg

Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, се преполови – таа ослабе околу 30kg и на 55 години изгледа подобро отколку во младоста, вели јавноста.

Таа на Инстаграм објави фотка во маскирни панталони и маичка, а на која се гледа дека формата ја довела до совршенство, па доби комплименти за изгледот.

Колинда со години велеше дека ѝ е многу жал што нема време да вежба и така да го намали вишокот килограми.

Дополнителен проблем ѝ беа и болките во раката и таа во минатото велеше дека има моменти кога едвај успева да ја движи.

Но, разликата во изгледот е очигледна, а споредVečernji.hr, новата фит линија на Колинда се должи на липосукциската диета.

Станува збор за режим на исхрана кој се заснова на внес на природни масти, а се елиминираат јаглехидратите.

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат и протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се консумираат месо, риба и зеленчук кои се подготвуваат на медитерански начин.

Според хрватските медиуми, за појадок и ручек при оваа диета се пијат протеински шејкови, а се внесуваат и додатоци во исхраната, т.е. аминокиселини и растителни влакна.

Главен оброк при оваа строга диета е вечерата, а тогаш се јаде варен зеленчук (брокула, карфиол), месо (чисто, на пример пилешко, телешко и јагнешко, а се избегнува свинкото) и риба (лосос или туна).

Со вечерата се дозволени и салати, но најчесто зелени: марула, зелка, краставица.

Овошјето и јаглехидратите се строго забранети и воопшто не се консумираат.

Диетата не е поврзана со липосукцијата (и покрај името), туку подразбира строг, но здрав начин на исхрана.

Оваа диета ја пробаа и Тијана Дапчевиќ, Викторија Лоба, Неда Украден, Сузана Манчиќ, но и светските ѕвезди Џенифер Анистон и Моника Белучи.

Повеќе фотографии од Колинда Грабар Китаровиќ на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Турски милијардер, бивши дечко на Емина Јаховиќ, е опседнат со Јелена Карлеуша - ѝ нуди приватен џет... „Садетин буквално не ја остава на мир Карлеуша. Секој ден ѝ праќа цвеќе и скапоц...
Снежно невреме ја зафати Србија – апел и македонските туристи да внимаваат на замрзнатите патишта (ф... Додека за повеќето, голем дел од Србија, вклучително и Белград, изгледаат како з...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Сергеј Трифуновиќ и 23 години помладата сопруга чекаат бебе, откако ја пријави за насилство по свадб... Скандалозниот српски актер Сергеј Трифуновиќ (53) веќе некое време ужива во брак...
Кеба не сака да ја види ќерката, Мирослав Илиќ не го признава синот - Познати мажи од регионот со во... Маринко Роквиќ беше близок со вонбрачниот син Дарио, а неговата сопруга и децата...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...

Најчитани неделава