Сергеј Трифуновиќ и 23 години помладата сопруга чекаат бебе, откако ја пријави за насилство по свадбата
- Детали
- петок, 03 октомври 2025
Скандалозниот српски актер Сергеј Трифуновиќ (53) веќе некое време ужива во бракот со Исидора (29) - тој со фотка на Инстаграм откри дека наскоро ќе станат родители.

Актерот Сергеј Трифуновиќ и 23 години помладата сопруга Исидора чекаат бебе.
Шпекулациите почнаа кога актерот објави слика на Инстаграм на која се гледа силуета од бебе на ултразвук.
Иако нема коментар од негова страна, почнаа да се редат честитки од неговите колеги-актери, но и фанови на глумецот, а една жена му кажа дека има иста фотка од преглед на ултразвук, од времето кога самата била бремена.

На прашањето од српските новинари дали ќе стане татко, Сергеј се заблагодарил на честитките, но рекол дека не сака да коментира на темата.
Сепак, неодамна тој објави фотка на која Исидора држи бебе во рацете и се пошегува дека „вежба“, а во едно интервју рекол и дека размислуваат за проширување на семејството.

Трифуновиќ со години беше еден од најпосакуваните ергени во регионот, сè до пролетта 2024-та кога се венча со Исидора Мијановиќ.

Но, само десетина дена по свадбата, тој повика полиција за да ја пријави сопругата за семејно насилство.
Парот брзо потоа се смири и оттогаш немаат јавни скандали.

Прочитајте и Една недела по свадбата ја пријавил сопругата за насилство - Сергеј Трифуновиќ среде нов скандал
А. Ј. | Црнобело
