Сергеј Четковиќ за сопругата, со која имаат 2 посвоени ќерки: „Подготвен сум на сè, само да ја видам насмеана“
- Детали
- сабота, 20 септември 2025
„Ние едноставно бевме судени за заедно и чекор по чекор да изградиме наш свет. Во сѐ нѐ водеше љубовта и желбата да основаме семејство. Бевме вљубени до уши...“, изјави Кристина Четковиќ во една пригода. На 14-ти март тие прославија 26 години во брак.

Сергеј Четковиќ (48) пред 30 години ја запозна саканата Кристина (49).
Tие ја започнале својата врска многу млади, но сигурни дека се создадени едни за друг, што со текот на годините се покажало како точно.
Кристина во едно гостување проговори за односот со Сергеј:
„Верувам дека не постојат случајности и дека пред нашето доаѓање на овој свет, сѐ веќе било запишано.
Нашите патишта и луѓето што ќе ги сретнеме на нив се однапред одредени.

Ние едноставно бевме судени за заедно и чекор по чекор да изградиме наш свет.

Во сѐ нѐ водеше љубовта и желбата да основаме семејство.

Бевме вљубени до уши, а деталите не ги разгледувавме како што тоа денес го прават паровите.
Влегов во салон за венчаници, избрав три што ми се допаднаа.

Кога ја облеков првата и се погледнав во огледалото, веднаш знаев дека тоа е таа. Другите ни не ги пробав.

Бајката подоцна ја доби својата комплетна смисла кога во неа влегоа двете принцези, Лола и Мила“.

Во една пригода Сергеј за својата сакана изјави:
„Ми беше важно само да ја видам насмеана. Да ѝ ја видам насмевката.
Бев подготвен да направам што било на овој свет само да ја видам насмеана.

