Една не сакала секс пред брак, со мајка на друга сними секс сцена - Кои се бившите девојки на Милош Биковиќ?
Саша Лус
Во 2016 година Биковиќ беше во кратка врска со руската манекенка Саша Лус.
Откако во медиумите се појавија фотки од Саша со друг маж, Милош изјави дека таа не го изневерила, туку дека тие претходно раскинале.
Аглаја Тарасова
Милош беше во врска и со руската актерка Аглаја Тарасова, со која глумеше заедно во филмот „Лёд“.
Но, интересно е што Милош глумеше заедно со мајката на Аглаја, Ксенија Рапапорт и во филмот имаа љубовна сцена.
„Милош и јас подолго време бевме во врска и во еден момент решивме дека треба да го запознаам со мајка ми. Размислувавме како е најдобро да го направиме тоа, но никако не наоѓавме соодветна можност.
Сосема случајно двајцата добија улога во ист филм, а јас се шокирав која Милош ми кажа дека мајка ми ќе ја глуми неговата љубовница и дека ќе снимат жешка сцена.
Дента кога ја снимаа љубовната сцена останав дома, иако редовно одев на сетот, гледав во една точка и размислував: „Боже, што ти е животот“, раскажа во едно интервју Аглаја.
Арина Волошина
Пред да почне врска со Ивана, Милош беше во љубов со руската танчарка Арина Волошина.
Откако раскинаа, таа кажа дека тој бил многу груб во врската и дека во него нема ништо човечно.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





