Мајка ѝ ја оставила во дом, не им верува на видеата на кои сопругот ја изневерува - Што знаеме за Весна Џогани?

Минатата година беше објавено видео на кое се гледа како наводно сопругот Ѓоле Џогани ја изневерува, но таа јавно изјави дека не верува на гласините. Веќе 20 години живее со 18 години постариот партнер и тврди дека тој најмногу ѝ помогнал да се справи со постпородиланата депресија. Што знаеме за Весна Џогани?

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-01.jpg

Весна (44) и Ѓоле Џогани (63) важат за „мирниот дел“ од семејството Џогани.

За разлика од семејството на неговиот брат Гаги, Ѓоле и Весна се трудат во медиумите да се појавуваат само кога треба да најават некој нов хит или нов проект.

Но, нивната врска отсекогаш привлекувала внимание и била актуелна во медиумите.

Што знаеме за Весна Џогани, јатрвата на Анабела Атијас, која важи за најпримерна жена во семејството Џогани?

Весна Џогани е родена во Белград како Весна Тривиќ. Во мигот кога мајка ѝ останала бремена, татко ѝ ја напуштил, по што жената била приморана да се откаже од ќерката.

Заради ова, Весна првата година од животот ја поминала во прифатилиште за деца без родителска грижа, сѐ додека не била посвоена од еден млад брачен пар којшто ѝ пружил неизмерна љубов и среќно детство.

Сепак, додека растела, Весна постојано одржувала контакт и со својата биолошка мајка.

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-02.jpg

Со Ѓоле Џогани се запознала во тинејџерските години кога станала дел од танчарската школа, што тој ја водел заедно со неговата тогашна сопруга Слаѓа Делибашиќ.

Иако многумина пишуваа дека Ѓоле ја изневерувал сопругата со младата Весна, парот ги демантираше тие тврдења и изјавија дека врската ја започнале дури 8 месеци по разводот на нејзиниот сопруг со првата сопруга.

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-03.jpg

Според информациите во српските медиуми, кога Ѓоле и Слаѓа одлучиле да се разделат еден дел до танчарите во нивната школа заминале со неговата прва сопруга, а Весна одлучила да остане со нејзиниот иден сопруг.

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-04.jpg

Во 2001-ва година, Ѓоле бил во потрага по нова пејачка, па дури и тргнале да имаат состанок со Катарина Каја Остојиќ, но кога ја слушнал Весна како пее, тој веднаш го свртел автомобилот и се вратиле во Белград, по од следниот ден заедно почнале да снимаат хитови.

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
„Мајка ми безброј пати го напушташе татко ми и секогаш му се враќаше - немаше каде да оди“ „Веднаш некој од фамилијата ќе ѝ се јавеше и ќе ѝ речеше: „Дали си ти луда, каде...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg