Слаѓа Делибашиќ за љубовта со бившиот Ѓоле Џогани: „Не можевме еден без друг, беше строг и знаеше како со мене“

Ѓоле неодамна за Слаѓа рече дека таа сакала друг живот, паднала на спонзори кои ѝ ветувале сешто, а таа сега за нивниот пропаднат брак, кај неговата внука Луна Џогани вели: „Бев детиште, на 18 години со него отидов во Италија, таму ја родив ќерката. Јадеше рози за мене, јас му готвев грав во 5 наутро. Но уште нема изустено благодарност за сè што правев“.

slagja-delibashikj-za-brakot-so-bivshiot-gjole-djogani-ne-mozhevme-eden-bez-drug-01.jpg

Пејачот и танчар Ѓоле Џогани, пред бракот со Весна, бил оженет со пејачката Слаѓа Делибашиќ, со која има две ќерки, а за нивниот однос и ден-денес се зборува, иако веќе многу години не се заедно.

Таа во 90-тите пееше со него во популарната група „Џогани“, беше многу популарна, но одамна е повлечена од јавната сцена и има приватна градинка во Белград. 

slagja-delibashikj-za-brakot-so-bivshiot-gjole-djogani-ne-mozhevme-eden-bez-drug-06.jpeg

По долго време, сега настапи на концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ во Скопје и ја врати публиката во старите времиња.

И покрај тоа што не се појавува често во јавност, таа сепак неодамна реши да гостува во емисијата на Луна Џогани, внуката на нејзиниот поранешен сопруг, кој исто така проговоре за распадот на нивниот брак. 

Во текот на разговорот, таа во повеќе наврати раскажуваше детали за почетоците со Ѓоле:

„Случајно се сретнавме на врата каде што танцував со мојата група, здраво, здраво, краток разговор. Заедно се качивме горе кај групата што ја бараше и ми рече: 'Јас одам во Италија, дали вие би дошле со мене да танцувате?'.

Првпат бев со него во Италија, беше тешко, татко ми беше тежок човек, јас имав 18 години тогаш и така почна тоа. Симпатии имаше многу во животот, но тој е првиот мој дечко со кој нешто и доживеав и добив деца, нешто запишано од Бог. Тој требало да ми се случи и е лекција од Бога.

slagja-delibashikj-za-brakot-so-bivshiot-gjole-djogani-ne-mozhevme-eden-bez-drug-12.jpg

Бев детиште кога почнав со Ѓоле. Тоа ми беше како од филмовите, кога ќе се заљубиш во некој познат. Ништо посебно не ме освои.

Отидовме за Италија, секоја вечер имавме настапи по клубови, игравме кореографии, смислувавме костими, јас сакав да ја имам контролата, а тој беше спокоен зашто знаеше дека има лидер што ќе го води тоа, а тој може да ги води другите работи, како финансии. И бевме добар спој, еден без друг тогаш не можевме.

slagja-delibashikj-za-brakot-so-bivshiot-gjole-djogani-ne-mozhevme-eden-bez-drug-14.jpg

Секогаш очекувам дека и од другата страна ќе ја има таа пофалба, меѓутоа... Тој кажува кога се гледаме, но никако да изусти дека јас навистина сум била таа што сè живо сум правела. Но невжано, не ми треба фала од никого. Јас одам по својот пат.

slagja-delibashikj-za-brakot-so-bivshiot-gjole-djogani-ne-mozhevme-eden-bez-drug-11.jpg

И така... отидовме таму, ми се случи да се заљубам, имаше некои убави машки работи за освојување, можеби тоа во тој момент ми изгледаше како нешто многу, но сега кога ќе се сетам, некој да јаде роза за мене или да ми каже да готвам грав во 5 часот наутро, тоа сега веќе не ми е машко, но во тие години да.

Можеби затоа што имав строгост од дома и кога бараш партнер гледаш да личи на твојот татко. А тој тоа го имаше, беше строг, беше 9 години постар од мене и точно знаеше како треба со мене.

slagja-delibashikj-za-brakot-so-bivshiot-gjole-djogani-ne-mozhevme-eden-bez-drug-09.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ѓоле Џогани за распадот на првиот брак: „Ние немавме многу пари, а за Слаѓа се закачија некои спонзо... „За неа се закачија некои спонзори со поинаков начин на живот и некои мажи кои ј...
Бившиот на Цеца (52) го прослави првиот роденден на синот и 30-тиот на сопругата во ист ден Во 2021-ва година Богдан Срејовиќ стана познат како 10 години помладиот дечко на...
Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот? По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука До... Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за...

Најчитани неделава