Мајка ѝ ја оставила во дом, не им верува на видеата на кои сопругот ја изневерува - Што знаеме за Весна Џогани?

Весна и Ѓоле се долги години заедно, а привлекуваат внимание и со големата генерациска разлика што постои меѓу нив. Тој е постар од неа 18 години и таа вели дека многу научила и созреала со него.

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-06.jpg

Тие двајца во 2006-та година го добија синот, Адријан (кој е крстен според бразилскиот фудбалер Адријано Леите Рибеиро), а во 2014-та година ја добија ќеркичката Лаура.

Инаку, Ѓоле од првиот брак со Слаѓа има две ќерки, Силвија и Маринела, а убавите вести дека Весна е бремена и дека чекаат син, ги објавија со песна која беше вистински хит.

Весна во еден период призна дека најголем предизвик во бракот била нејзината постпородилна депресија, а дека токму сопругот ѝ помогнал да се справи со проблемите.

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-07.jpg

Уште еден интересен податок за нивната врска е дека и покрај тоа што тие двајца се заедно повеќе од 20-тина години, никогаш не стапиле во брак.

„Еднаш во животот се оженив. Првиот пат се оженив со Слаѓа и се разведов, а Весна и јас живееме заедно. Ние не се венчавме, но живееме речиси дупло повеќе отколку што бев со Слаѓа.

И супер ми е. Не мора некој да потпише нешто безвезно за да, ете, биде во брак“ – рече тој во една пригода.

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-09.jpg

Минатата година нивниот брак беше во фокусот на јавноста кога на српските папараци фотографи објавија видео снимки на кои наводно се гледа како Ѓоле се бакнува со друга членка на денс групата. Весна веднаш ги демантираше таквите наводи и изјави дека има максимална доверба во него.

majka-i-ja-ostavila-vo-dom-ne-veruva-na-glasinite-za-neverstvo-na-gjole-shto-znaeme-za-vesna-djogani-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Ѓоле Џогани за распадот на првиот брак: „Ние немавме многу пари, а за Слаѓа се закачија некои спонзо... „За неа се закачија некои спонзори со поинаков начин на живот и некои мажи кои ј...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg