Која е вистинската свекрва на Александра Пријовиќ - бившата на Боба Живојиновиќ, која е блиска и со Лепа Брена?

Како изгледа жената со која Боба Живојиновиќ го доби првиот син Филип? Погледнете која е вистинската свекрва на Aлександра Пријовиќ и зошто таа постојано нагласува дека Брена не ѝ е свекрва...

koja-e-vistinskata-svekrva-na-aleksandra-prijovikj-na-site-koncerti-e-prisutna-a-odi-i-na-nastanite-organizirani-od-lepa-brena-01.jpg

Убавата српска пејачка Александра Пријовиќ во повеќе пригоди досега истакнала дека Лепа Брена не ѝ е свекрва, туку дека таа улога ѝ припаѓа на биолошката мајка на нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, Зорица Накиќ.

„Морам, пред сѐ да кажам дека мене Лепа Брена не ми е свекрва, туку мајката на Филип - Зорица ми е. Брена е една прекрасна жена што се грижи за семејството и е многу добар човек“ – нагласи Александра во една пригода.

koja-e-vistinskata-svekrva-na-aleksandra-prijovikj-na-site-koncerti-e-prisutna-a-odi-i-na-nastanite-organizirani-od-lepa-brena-06.jpg

Како изгледа мајката на Филип, со која Боба бил во врска пред да се ожени за Лепа Брена и со која го добил својот прв син?

Боба Живојиновиќ го доби синот Филип од врската со Зорица Десница, а познато е дека таа сѐ уште е во одлични односи со нејзиниот поранешен партнер.

Во 1985-та година Зорица и Боба го добиле синот Филип, а на Инстаграм кружи една фотографија од едно старо српско списание на кое може да се види како изгледале тие двајца како пар.

Неколку години по разделбата од Боба, Зорица се омажила за познатиот хрватски кошаркар Иво Накиќ. Чие презиме и денес го носи, а од бракот со него ја добила ќерката Ива и синот Марио.

koja-e-vistinskata-svekrva-na-aleksandra-prijovikj-na-site-koncerti-e-prisutna-a-odi-i-na-nastanite-organizirani-od-lepa-brena-02.jpgфото: Инстаграм - принтскрин

Филип по разделбата на неговите родители останал да живее со татко му, а Зорица со сопругот долго време живеела во САД, но тоа не ги спречило да бидат мошне поврзани и да поминуваат колку е можно повеќе време заедно.

koja-e-vistinskata-svekrva-na-aleksandra-prijovikj-na-site-koncerti-e-prisutna-a-odi-i-na-nastanite-organizirani-od-lepa-brena-03.jpgФото: Инстаграм

Зорица и Боба и денес се во пријателски односи, а доказ за тоа е и фактот што мајката на Филип е редовен гостин на сите настани што ги организираат Лепа Брена и Боба.

Така Зорица беше присутна и на промоцијата на новата колекција долна облека на Лепа Брена, Lady B, а нејзината ќерка Ива Накиќ е една од дизајнерките која работи за брендот.

Александра Пријовиќ на настанот носеше корсет дизајниран од сестрата на Филип, Ива и гордо покажа со што располага пред камерите.

Зорица исто така редовно оди и на концертите на нејзината снаа. По третиот полн концерт во Белградска Арена Зорица даде кратка изјава за медиумите и рече:

„Ова не беше ништо неочекувано, таа е вредна девојка што напорно работи. Но, по три арени пресреќни сме, горди сме“ – изјави таа.

koja-e-vistinskata-svekrva-na-aleksandra-prijovikj-na-site-koncerti-e-prisutna-a-odi-i-na-nastanite-organizirani-od-lepa-brena-05.jpgфото: YouTube - принтскрин

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg