Му била фризерка и лично обезбедување на Гадафи: Лудата приказна на Дијана од Босна и Херцеговина

Дијана од Босна и Херцеговина се преселила во Либија каде по сплет на околности станала лична фризерка на Гадафи. Таа поминала и обука за обезбедување, па честопати го придружувала лидерот, пред да се врати во родната земја. Како воопшто допрела до оваа несекојдневна функција?

dijana-od-bijeljina-mu-bila-lichno-obezbeduvanje-i-frizerka-na-gadafi-go-voodushevila-ushte-na-prvata-sredba-01.jpg

Дијана Стевановиќ од Бијељина, Босна и Херцеговина, завршила фризерско училиште во својот град.

Кога започнала војната во нашите краишта, таа решила заедно со својата сестра да замине во Либија, каде што нејзината мајка работела како медицински работник.

Таму Дијана започнала да работи како фризерка, дури и не сфаќајќи каква судбина ја чека.

За една година таа станала официјален фризер на семејството Гадафи, како и нивна доверлива личност.

Деталите за нејзиниот живот таму таа ги раскажува во емисија за Info Bijeljina

Веднаш започнала да посетува либиско училиште, по што го научила и арапскиот јазик. Освен тоа, течно зборува и англиски и руски. 

dijana-od-bijeljina-mu-bila-lichno-obezbeduvanje-i-frizerka-na-gadafi-go-voodushevila-ushte-na-prvata-sredba-09.jpg

Посета од близок соработник на Гадафи

Дијана веќе имала разработен бизнис во Либија, кога еден ден Сафија Фаркаш Гадафи, блиска соработничка на семејството Гадафи, влегла во нејзиниот салон.

Набрзо потоа се нашла во резиденцијата и почнала да ѝ прави фризура на првата дама на Либија.

Наскоро добила бројни овластувања и привилегии. А, во меѓувреме таа почнала да се грижи и за изгледот на лидерот на Либија.

Секој втор ден одела во резиденцијата на семејството и освен за фризурата на првата дама, се грижела и за косите на ќерките Ајша и Хана, но и за самиот лидер. 

dijana-od-bijeljina-mu-bila-lichno-obezbeduvanje-i-frizerka-na-gadafi-go-voodushevila-ushte-na-prvata-sredba-02.jpg

Прва средба со лидерот на Либија

Првата средба со Гадафи, Дијана ја памети како да била вчера. Штом го видела, ја обзела голема трема.

Од преголема трема почнала многу да се тресе и уште пред да почне со потстрижување побарала да седне, па Гадафи наредил да ѝ се донесе столче. 

„Кога седнав, тој се сврте кон мене и рече дека никој никогаш не го прашал дали може да седне, сите чекале тој прв да ги понуди. Потоа со насмевка ми честита на мојата смелост и храброст", раскажува Дијана.

dijana-od-bijeljina-mu-bila-lichno-obezbeduvanje-i-frizerka-na-gadafi-go-voodushevila-ushte-na-prvata-sredba-10.jpg

Југославија - неисцрпен извор на теми

Гадафи многу го почитувал Тито. 

Таа била изненадена што и тој знаел многу српски зборови и голем број Балканци биле вработени во неговата резиденција на различни позиции - од готвачи, куќни чувари до обезбедување, дадилки и здравствени работници.

dijana-od-bijeljina-mu-bila-lichno-obezbeduvanje-i-frizerka-na-gadafi-go-voodushevila-ushte-na-prvata-sredba-06_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава