Го нарекуваат турскиот Џорџ Клуни, бил алкохоличар: Факти за актерот Еркан Петекаја

„Ѝ реков на жена ми: 'Снимaj ме кога ќе се вратам дома пијан'. Една вечер, кога повторно дојдов дома во лошо расположение и го гледав видеото што го сними мојата сопруга, решив да се лекувам“, изјави актерот Еркан Петекаја за проблемите со алкохолизмот.

go-narekuvaat-turskiot-dzhordzh-kluni-bil-alkoholichar-fakti-za-akterot-erkan-petekaja-01.jpg

Mакедонската публика го запозна како Али, капетанот од серијата „Бурни времиња“. Го гледавме и во турските популарни серии „Како минува времето“, „Дила“, „Животот на еден странец“ и „Игра на судбината“.

Медиумите и фановите во Турција, пак, му го дадоа епитетот турскиот Џорџ Клуни.

turski-dzordz-klunu_02.jpg

Иако речиси секогаш е на врвот на листата најдобри актери, Еркан Петекаја за себе вели дека секогаш има простор за подобрување, па кога слободното време му дозволува, тој посетува драмски работилници и се усовршува.

Иако се чини дека отсекогаш стремел кон големата слава и успех во кои ужива денес, актерот поминал низ многу тешки моменти.

Еркан Петекаја е роден во 1970 година во Елазиг. Кон крајот на средното училиште се заљубил во театарот и решил да се запише на глума и станал постојан актер во државните театри од 1993 година.

Кариерата ја продолжил снимајќи серии преку кои доживеа голема слава.

go-narekuvaat-turskiot-dzhordzh-kluni-bil-alkoholichar-fakti-za-akterot-erkan-petekaja02.jpg

Освен што е вљубеник во актерството, негова втора љубов е музиката. Еркан ужива во рок музика, а открива и дека е одличен на тапани.

„Во душата сум закоравен рокер. Никогаш не сум бил добар во свирење гитара, но јас сум одличен на тапани.

Штедев долго време за да можам да купам тапани и сега кога ги имам, немам време да свирам. Во мојата куќа собираат прашина“, изјави актерот во една пригода.

Актерот имал и сериозен проблем со алкохолизам.

Еркан јавно проговори дека во еден момент имал проблем со алкохолот, а од овој порок успеала да го извлече неговата сопруга Дидем Петекаја.

go-narekuvaat-turskiot-dzhordzh-kluni-bil-alkoholichar-fakti-za-akterot-erkan-petekaja03.jpg

„Ѝ реков на жена ми: 'Снимaj ме кога ќе се вратам дома пијан'. Една вечер, кога повторно дојдов дома во лошо расположение и го гледав видеото што го сними мојата сопруга, решив да се лекувам“, има изјавено тој.

go-narekuvaat-turskiot-dzhordzh-kluni-bil-alkoholichar-fakti-za-akterot-erkan-petekaja04.jpg

Петекаја отишол во Русија за да се ослободи од неговиот порок, а за турските медиуми зборуваше за процесот на лекување и неговите последици.

„Ми го изгореа мозокот. Докторот ми даде инјекција и ми рече: 'По оваа инјекција ќе спиеш 24 часа и никогаш повеќе нема да сакаш да пиеш'. Реков: 'Затоа дојдов“.

Всушност, спиев 24 часа по инјекцијата и не сакав никаков пијалак откако се разбудив. Не знаев како да се справам со стресот. Тоа беше младешка глупост. Утеха најдов во алкохолот“.

go-narekuvaat-turskiot-dzhordzh-kluni-bil-alkoholichar-fakti-za-akterot-erkan-petekaja05.jpg

Откако во 2004 година се оствари во улога на татко и го доби синот Џем Џан, тој ветил дека никогаш повеќе нема да му се случи таква епизода.

За сопругата Дидем, пак, вели дека му го променила животот.

go-narekuvaat-turskiot-dzhordzh-kluni-bil-alkoholichar-fakti-za-akterot-erkan-petekaja06.jpg

Дидем со текот на годините морала да научи да живее со неговите опсесивни обожаватели.

Еркан призна дека имале расправии и кризи во бракот поради обожавателки, а сопругата била особено лута кога почнале да пристигнуваат љубовни писма на нивна адреса.

Повеќе фотки од актерот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg