„Ќе мора да живеам со демоните што ме прогонуваат“: Што кажа Ѓорѓе Давид за несреќата во Куманово?

Давид потоа раскажа што се случувало во деновите пред несреќата.

„Три-четири дена пред немилиот настан сè течеше одлично, бев среќен и горд на себе и на бендот, се јавував дома...

Во саботата наутро кога тргнавме назад и имаше ненормално невреме, снежна бура која баш ни беше изненадување. Стигнавме во Скопје, испивме кафе и вечерта околу 7:15 тргнавме за Белград. И некаде на околу 2.400 метри пред граница се случи таа приказна.  

На оваа приказна ѝ претходело тоа што девојката што ја предизвикала несреќата, влегла во спротивната лента на автопатот и директно се судрила со автомобил во кој сите беа повредени. Не знам кои се последните информации за нив.

Мајката на девојката која ја предизвикала несреќата излегла од автомобилот во тотален шок, не знам точно што се случило. Таа била неповредена или со полесни повреди.

kje-mora-da-zhiveam-so-demonite-shto-me-progonuvaat-shto-kazha-gjorgje-david-za-nesrekjata-vo-kumanovo-022.jpg

Јас имав сноп светлина од десната страна од пумпата зад мене, но како го поминав се најдов во тотален мрак. Во тој момент влегов во магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се причини дека нешто не е во ред.

Сè се случи во секунда. Свртев в десно за да се тргнам од автопат и да 'промашам' сè што се наоѓаше околу мене, таа несреќа. Забележав жена со бел капут и се случи тоа.

Кога застана автомобилот, се контролирав, излегов надвор и тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек чија глава беше отворена, мислев дека го удрив него.

Ме одведоа во болница, а дури отпосле ми кажаа дека сум удрил жена“, раскажа музичарот.

kje-mora-da-zhiveam-so-demonite-shto-me-progonuvaat-shto-kazha-gjorgje-david-za-nesrekjata-vo-kumanovo-01_1.jpg

Тој ги покажал и конците на раката и објаснил дека повредите настанале од скршената шофершајбна на неговиот автомобил.

„Првиот шок ми беше кога сфатив што се случило. Мојата смиреност е мојата сила.

По несреќата не спијам, ослабев пет килограми, и на мене се гледа дека физички пропаднав. Сликите почнуваат да ми се враќаат во главата.

Јас сум човек кој не ги гледа овие работи однадвор, така сум воспитан. Сметам дека како јавна личност во секој случај треба да давам пример.

Сега едвај чекам повторно да отидам таму, сакам да се сретнам со тој човек, со сопругот“, ја заврши Давид својата приказна.

kje-mora-da-zhiveam-so-demonite-shto-me-progonuvaat-shto-kazha-gjorgje-david-za-nesrekjata-vo-kumanovo-011_1.jpg

Тој на крајот кажа дека и покрај несреќата, ќе мора да продолжи со настапите, но и со работата во „Ѕвездите на Гранд“, бидејќи од него зависат и семејствата на музичарите со кои свири, но и кандидатите на кои им е ментор во шоуто.

„Зборот концерт сега звучи грдо, но јас имам обврски и кон своето дете, кон сопругата и морам да продолжам понатаму“, кажа тој.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...
Скандалите на Гоца Тржан со бившиот сопруг продолжуваат - Таа го нарече „најголема грешка во животот... „Не следам и не читам што кажува мојот поранешен сопруг за мене. Често се шегува...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg