Важи за најубавата и најомилената негативка – Која е актерката што ја толкува Мине во серијата „Три сестри“?

Поради улогата на Мине, во турската серија „Три сестри“ таа доби низа комплименти и од гледачите, а во моментов важи за омилената негативка на малите екрани.

mine-trite-sestri-01.jpg

Со улогата на љубовницата на Сомер Корман во серијата „Три сестри“, актерката Назли Сенем Унал успеа да го достигне врвот на својата кариера.

Ликот на Мине во хит-серијата е атрактивната и фатална црвенокоса жена која е меѓу два огна. Таа е една од главните антагонисти, онаа која е етикетирана како љубовница.

Во серијата таа ја толкува улогата на Мине, која со Сомер се запознала во Англија, а и покрај сите пречки со неговата мајка Ручхан, тие ќе се борат за својата љубов и ќе добијат ќерка.

Мине секогаш ќе биде во сенката на Туркан, но во сите тешки моменти Сомер ќе биде покрај неа.

За разлика од многу нејзини колеги, првиот избор на Назли не било актерството.

Најпрво студирала физика, а потоа се откажала од студиите.

Потоа се посветила на маркетингот, односно работела во рекламна агенција, а потоа решила да студира глума во уметничкиот центар Муџдат Гезен четири години.

После тоа, извесен период живеела во Велика Британија за да го усоврши англискиот јазик.

Родена е во Бурса, Турција на 22 мај 1991 година.

Успехот кој го постигна во хит-серијата „Три сестри“ ја издигна на местото на најбарани млади актерки во моментот, а според турските медиуми нејзиното време допрва доаѓа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава