Украде 4 милијарди долари и исчезна – Како бугарската криптокралица Ружа Игнатова стана најбарана жена од ФБИ?

Но, инвеститорите за првпат почнале да забележуваат проблеми во 2016-та година кога не можеле да ги продадат своите крипотвалути, за да го вратат износот што го вложиле. На социјалните мрежи и во медиумите почнале да се шират вести дека станува збор за измама.

ukrade-4-milijardi-dolari-i-ischezna-kako-bugarskata-kriptokralica-ruzha-ignatova-stana-najbarana-zhena-od-fbi-10.jpg

Во 2017-та година Ружа била обвинета од ФБИ за интернет измама, завера за извршување измама со хартии од вредност и за перење пари, а за секое од овие обвиненија може да добие минимална затворска казна од 20 години.

Во истиот период таа требало да присуствува на настан во Лисабон, но од Софија се качила во авион за Атина и оттаму ѝ се губи трагата.

ukrade-4-milijardi-dolari-i-ischezna-kako-bugarskata-kriptokralica-ruzha-ignatova-stana-najbarana-zhena-od-fbi-08.jpg

Нејзинот партнер Карл Гринвуд, во септември минатата година беше осуден на 20 години затворска казна, а во затвор заврши и нејзиниот сопруг Бјорн Стрел кој беше обвинет дека испрал 7,69 милиони евра преку фиктивна компанија од Хонгконг.

Додека нејзините блиски соработници веќе се наоѓаат зад решетки, ФБИ сè уште трага по криптокралицата, за која се верува дека најверојатно се движи со вооружена придружба, или, дека направила пластична операција за да го промени изгледот.

ukrade-4-milijardi-dolari-i-ischezna-kako-bugarskata-kriptokralica-ruzha-ignatova-stana-najbarana-zhena-od-fbi-13.jpg

BBC направи посебен документарен филм каде се зборува за исчезнувањето на Ружа. ФБИ агентот кој работел на случајот, Ричард Рајнхарт, раскажа до кои сознанија стигнала истрагата.

Според неговите тврдења Ружа, му плаќала по 100.000 месечно на кралот на бугарското подземје Христофорос Никос Амантидис – Таки за да ја заштити од властите.

Според тврдењата на властите, станува збор за човек-дух кој никој никогаш не го видел и за кого никогаш немало доволно докази за да го обвинат.

Ружа и Амантидис биле мошне блиски, па се верува дека тој бил кум на нејзината ќерка, но и тој бил единствениот што може да ја заштити од властите и од агенциите кои со години трагаат по неа.

ukrade-4-milijardi-dolari-i-ischezna-kako-bugarskata-kriptokralica-ruzha-ignatova-stana-najbarana-zhena-od-fbi-14.jpg

Но, бугарскиот новинар Димитар Стојанов тврди дека дошол до сознанија за судбината на бугарската криптокралица.

Наводно, тој дошол до полициски документи во кои зетот на Амантидис, во пијана исповед пред полицијата раскажал дека кралот на подземјето наредил Ружа да биде убиена во 2018-та година, а нејзиното тело било распарчено и фрлено од јахта во Јонско Море.

Наводно, Амантидис го нарачал убиството откако Ружа дознала детали за неговите криминални дејствија и затоа што сметал дека нејзините проблеми со властите може да ја свртат истрагата врз него.

ukrade-4-milijardi-dolari-i-ischezna-kako-bugarskata-kriptokralica-ruzha-ignatova-stana-najbarana-zhena-od-fbi-06.jpg

Без разлика дали е жива или мртва, Ружа сè уште е на листата на најбараните луѓе на ФБИ, а никој не може со сигурност да знае што се случило со неа. Дополнително, одвреме навреме во дел од бугарските медиуми се појавуваат пишувања дека таа со ќерката ужива на остров на Карибите.

ukrade-4-milijardi-dolari-i-ischezna-kako-bugarskata-kriptokralica-ruzha-ignatova-stana-najbarana-zhena-od-fbi-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...

Најчитани неделава