Татко му ја убил мајка му, го помниме по Survivor – Факти за згодниот Хрват Марио Млинариќ

Кога имал само 11 години татко му ја убил мајка му пред негови очи. Марио го запознавме преку хрватските сапуници, како „Забранета љубов“, а беше водител и на шоуто Survivor. Што знаеме за згодниот и фит Хрват, Марио Млинариќ?

tatko-mu-ja-ubil-majka-mu-go-pomnime-po-survivor-fakti-za-zgodniot-hrvat-mario-mlinarikj-01.jpg

Марио Млинариќ (44) е хрватски актер, манекен, ТВ водител, но и професор по кинезиoлогија. Македонската публика го помни по серијата Zabranjena ljubav, каде ја толкуваше улогата на фотографот Јаков, а беше водител и на популарното шоу Survivor.

tatko-mu-ja-ubil-majka-mu-go-pomnime-po-survivor-fakti-za-zgodniot-hrvat-mario-mlinarikj-02.jpg

Во последните неколку години тој е оддалечен од глумата, а повеќе е сконцентриран на промовирањето на спортот и здравите животни навики.

Марио е и кондициски тренер па на својот Инстаграм профил редовно објавува видеа со вежби и тренинзи.

Тој изгледа одлично, па дури важи и за еден од најзгодните Хрвати.

tatko-mu-ja-ubil-majka-mu-go-pomnime-po-survivor-fakti-za-zgodniot-hrvat-mario-mlinarikj-03.jpg

Малкумина знаат дека тој имал мошне тешко детство. Кога Марио имал само 11 години, неговиот татко Маријан ја убил мајката на детето Ивка.

Според раскажувањата на Марио, тој ден во домот колеле добиток и татко му легнал да спие затоа што испил премногу.

Сопругата дошла да го разбуди за да ги завршат обврските пред да се стемни, но тој сè уште неотрезнет со нож ја нападнал сопругата и ја убил пред очите на детето.

tatko-mu-ja-ubil-majka-mu-go-pomnime-po-survivor-fakti-za-zgodniot-hrvat-mario-mlinarikj-04.jpg

Татко му поминал 10 години во затвор, а за Мaрио и сестра му се грижеле неговиот стрико и стрина.

„Ужасно е тешко кога ќе останеш без родител, а најтешко е кога ќе останеш без двајцата. Стрико ми и стрина ми даваа сè од себе. Најлошо е кога се празници, ти фалат родителите.

Кога бев мал морав брзо да пораснам и да станам голем.

Морав побрзо и порационално да размислувам и немав време за плачење. Самиот себеси се научив дека животот е борба.

На некои други сè им паѓа од небо, а мене ми ги постави најтешките испити“ – рече тој во една пригода.

tatko-mu-ja-ubil-majka-mu-go-pomnime-po-survivor-fakti-za-zgodniot-hrvat-mario-mlinarikj-06.jpg

Тој во една пригода рече дека тоа се случило под сплетот на околностите, а главен виновник е алкохолот.

„Татко ми е феноменален човек и знам дека цел живот се кае за тоа“ – рече Марио кој за настанот не обвинува никого и вели дека тоа бил несреќен случај.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава