Српска водителка со потресна исповед: „Суров доктор ми предвиде 10 години живот заради Адисоновата болест“

Се разбира, отидов да го променам и кога се разбудив по анестезијата, имав 12 литри вода вишок и не знаеја што ми се случува.

srpska-voditelka-so-potresna-ispoved-doktorot-mi-predvide-10-godini-zhivot-koi-mi-bea-prvite-simptomi-na-adisonovata-bolest-06.jpg

Бев во една приватна клиника, каде ме задржаа 2 седмици и не знаеја како да ми помогнат, ниту што да прават, а во еден миг и белите дробови почнаа да ми се полнат со вода.

Потоа, ме префрлија на друго место, па ме пратија на домашно лекување, а мене ненадејно ми се влошија нивоата на уреа и креатин и добив температура 37 со 2.

Отидов во друга приватна болница, каде добив само инфузија, а ми наплатија 200.000 динари (oколу 105.000 денари).

Констатно ми вадеа крв, сè додека еден ден не пукнав и не им реков дека веќе еднаш треба да ми кажат што ми е и дека сакам на своја одговорност да излезам од болница.

Отидов дома, кај моите родители, па со татко ми одевме по манастири, па тој ми правеше да јадам, разни цедени сокови, целер итн.

Знаете кога ќе се најдете во небрано. И така се мачев во наредните 4 месеци, додека не отидов кај еден доктор во Белгија, ми беше закажан преглед преку пријател доктор на мојот партнер.

Ендокринологот се викаше Ели Коган и по само 15 минути разговор со мене и откако ги погледна моите резултати, ми рече дека имам класична Адисонова болест.

Потоа, на мејл ми стигна цел елаборат за мојата болест, како почнала, како се развивала и јас овде, во Србија, немам со кого да се консултирам. Цел време се консултирам со доктор Коган преку мејл.

Таму за цел преглед со сите анализи на крвта платив 150 евра и да не беше тој доктор не знам што ќе беше денес и на сите сакам да ви кажам дека болницата е последно решение, дека таму сте само број. Така што ни на најлошиот непријател не би му посакала 7 дена во болница“.

Погледнете го второто видео:

https://www.tiktok.com/@olja.c.real.story/video/7431130691615657221

Таа во првото видео во кое неодамна проговори за болеста откри дека се соочила со суров доктор кој дрско ѝ предвидел 10 години живот, но, за среќа, потоа друг доктор ја утешил дека нејзината болест може да се контролира со лекарства и здрав режин на исхрана и дека долго ќе живее и функционира, како и многу други пациенти со оваа болест.

Погледнете го првото видео во кое зборува за болеста:

https://www.tiktok.com/@olja.c.real.story/video/7430830124389518598

Повеќе фотографии од Оља Црногорац на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Српска пејачка со исповед: „Се допишувам со бившата жена на бившиот сопруг“ „Да, точно е. Нас нè поврзуваат децата. Таа има син, јас имам ќерки, тие се сест...
Српска инфлуенсерка со моќна порака: „Најголем благослов ми е што на 35 години можам да патувам со м... „Ако сè уште ја имате привилегијата вашата мајка, пред сè здравствено, да може д...
Српска пејачка со скандалозно признание: „На децата не им купував облека за да имам за наркотици - ч... „Ги изгубив емоциите кон децата, сопругот, бев фокусирана само на личното задово...
Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...
Српска пејачка (40) за животот со мултиплекс склероза: „Едно утро се разбудив речиси слепа, 2 години... „По породувањето чувствував дека сум многу послаба, немав сила. Мислев дека тоа ...

Најчитани неделава