Патот до славата на турскиот диџеј Махмут Орхан: Пораснал во сиромаштија, на 12 години работел во бутик
Во една пригода раскажа како слушалките што му ги дал менторот се скршиле додека се возел во автобус и затоа што немал пари да си купи нови ги лепел со селотејп на ушите за да може да работи.

Неговите родители не го разбирале неговото скапо хоби, па раскажа дека мајка му гневна затоа што синот не оди во училиште и по цели ноќи оди во дискотеки, секое утро пред да оди на работа му ги сечела со ножици лепенките со кои му биле залепени слушалките.

На 19-годишна возраст Махмут се преселил од Бурса во Истанбул и тогаш ја добил првата можност да се докаже. Ги пратил неговите песни на грчка продуцентска куќа, по што неговата песна Ceiron била ставена на албумот Buddha Bar.
По ова станал музички менаџер во ресторанот Chilai, во Истанбул каде ја пуштал неговата музика и брзо почнал да привлекува внимание.

Признава дека на почетокот на кариерата, продуцентите се обиделе да го натераат да си го промени името за да не биде впечатливо дека е Турчин, но тој не прифатил.
Во една пригода раскажа дека бил крстен по вујко му кој починал пред да се роди. Кога мајка му го сонувала починатиот брат неколку дена пред да се породи, одлучила на синот да му го даде неговото име.

Иако нема формално музичко образование, во 2012-та година дипломирал на Академијата за диџеи Mixology.
Махмут на Ohrid Calling / фото: Стефан Рајхл
Денес Махмут успеал да си ги оствари соништата и да заработи доволно за да си ја задоволи зависноста од брзи автомобили, патувања и живот на висока нога, но признава дека му недостасува време за дружби и за нормален приватен живот.
Тој е во врска со турската инфлуенсерка Наз Сахин.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит...
„Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл...
„Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре...
Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре...
„Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б...
Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ...
„Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...