Српска инфлуенсерка ослабела 70kg од инает, откако ја оставил свршеникот

„Дечкото навистина не ме навредуваше поради тежината, но ме остави поради тоа. По разделбата се слушнавме и ми се извини за причината за разделба“, вели Милица Џукановиќ, која вели дека разделбата е најдоброто нешто што ѝ се случило во животот.

srpska-influenserka-se-zainatila-koga-ja-ostavil-svrshenikot-i-oslabela-70kg-01.jpg

Милица Џукановиќ е српска инфлуенсерка која направи неверојатна трансформација на своето тело.

Таа некогаш имала 136 килограми и за 9 месеци успеала да симне 70 килограми.

Во периодoт кога имала најмногу килограми, вели дека си рекла себеси:

„Сега има да ослабеш! За 8/9 месеци мора да бидеш старата, насмеана Милица“.

Токму тогаш Милица била оставена од страна на свршеникот.

За српските медиуми таа открива:

„Дечкото навистина не ме навредуваше поради тежината, но ме остави поради тоа.

По разделбата се слушнавме и ми се извини за причината за разделба.

Зборувавме за мојата тежина и ми кажа дека треба да ослабам и поради здравјето и за да бидам среќна.

Но, сега кога гледам од оваа точка, добро е што го направи тоа, во спротивно не знам што ќе беше со мене“.

Милица постојано на Инстаграм објавува пред и потоа фотографии од нејзината трансформација. На Инстаграм ја следат повеќе од 44.00 луѓе.

„Се запоставив себеси во секоја смисла, и психичка и физичка. Сета своја енергија ја насочив само кон дечкото.

Од немоќ се препуштив на старите навики, за жал, на мојот смртен непријател – храната.

Толку многу се опуштив, што моите 65kg ги дотуркав до 136kg“.

Потоа, Милица го променила начинот на исхрана и почнала со редовни тренинзи.

Колку и да бил тежок процесот на моменти вели дека воопшто не размислувала за откажување и дека инаетот и бесот, поради тоа што била оставена, ја довеле до крајната цел.

Повеќе фотки како изгледала некогаш, а како денес на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Српска пејачка со исповед: „Се допишувам со бившата жена на бившиот сопруг“ „Да, точно е. Нас нè поврзуваат децата. Таа има син, јас имам ќерки, тие се сест...
Српска пејачка (40) за животот со мултиплекс склероза: „Едно утро се разбудив речиси слепа, 2 години... „По породувањето чувствував дека сум многу послаба, немав сила. Мислев дека тоа ...
Српска инфлуенсерка со моќна порака: „Најголем благослов ми е што на 35 години можам да патувам со м... „Ако сè уште ја имате привилегијата вашата мајка, пред сè здравствено, да може д...
Српска пејачка со скандалозно признание: „На децата не им купував облека за да имам за наркотици - ч... „Ги изгубив емоциите кон децата, сопругот, бев фокусирана само на личното задово...
Ја остави за помлада девојка, го носеше ковчегот на нејзиниот погреб - Заборавената љубов на Марина ... Во 1970-те години Марина Туцаковиќ била лудо вљубена во Оливер Мандиќ. Во тоа вр...

Најчитани неделава