Ја остави за помлада девојка, го носеше ковчегот на нејзиниот погреб - Заборавената љубов на Марина Туцаковиќ и Оливер Мандиќ
- Детали
- петок, 29 мај 2026
Во 1970-тите години Марина Туцаковиќ била лудо вљубена во Оливер Мандиќ. Во тоа време пејачот го градел својот музички пат, а таа била познат текстописец. Но, малкумина се сеќаваат на оваа љубовна приказна.

Марија Туцаковиќ и Оливер Мандиќ беа во врска четири години, во седумдесеттите, која заврши откако Оливер ја остани за, како што изјави самиот, „помлада и поубава девојка“.
За нивната љубов никогаш не се знаеше многу, ниту пак медиумите пишуваа дека тие се пар.
Но, во едно интервју, Оливер откри детали за нивната љубовна приказна.
„Со Марина бевме заедно 4 години. Додека се забавуваме ми ја напиша „Ljuljaj me nezno“. Кога ја објавив песната - раскинавме.
Ја оставив за помлади и поубави девојки. Во тоа време тргна лудилото во мојот живот, а таа страдаше“, рекол Мандиќ.

И покрај турбулентното раскинување, тие продолжиле да соработуваат и останале во пријателски односи.
„Ми пишуваше прекрасни текстови и после тоа, за песните од моите албуми. Освен „Bobane“ и „Dodje mi da vrisnem“ работеше на сите други мои песни.
Таа е дупла Скорпија, ги сака парите најмногу на цел свет“, рекол тој, уште во времето кога Туцаковиќ беше жива.

Марина, пак, тврдела дека тие никогаш не ја криеле својата љубов, но дека не се сеќава на сите детали од нивната романса.
„Тоа беше толку одамна, веќе не се ни сеќавам. Оливер беше преслатко момче, секогаш дотеран и многу поинаков од другите.
Носеше кошули и панталони. Ние не се криевме, но никого не го интересираше нашата љубов“, рекла своевремено Туцаковиќ.

Запрашана каков љубовник бил, таа прво одговорила дека не сака да одговара на интимни прашања, а потоа додала: „Добар беше“.
За потсетување, Марина Туцаковиќ почина во 2021, а Оливер беше еден од оние што го носеа ковчегот на нејзиниот погреб.

А. Ј. | Црнобело
