Скандалозниот љубовен живот на Мишо Ковач - Заведе малолетничка додека беше во брак, па се ожени со неа

Мишо Ковач трипати беше во брак, но љубовната приказна со тинејџерката Анита, која ја запозна кога тој имаше 31 година, ќе остане запаметена како една од најскандалозните во Југославија.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-misho-kovach-zavede-maloletnichka-dodeka-beshe-vo-brak-pa-se-ozheni-so-nea-01.jpg

Љубовната приказна на Мишо Ковач и Анита Батурина е една од најскандалозните во Југославија.

Кога се запознаа пејачот имаше 31 година и беше во брак, а таа имаше само 17 и требаше да се натпреварува на изборот за Мис тинејџерка на Југославија.

Kога на изборот, организаторите ја прашаа згодната сплиќанка дали има момче, таа се вцрви, но не одговори.

Иако многумина мислеа дека е чудно што не го откри името на својот дечко, по неколку месеци јавноста остана шокирана кога дозна дека станува збор за пејачот Мишо Ковач, кој во тоа време имаше 31 година, додека Анита беше малолетна.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-misho-kovach-zavede-maloletnichka-dodeka-beshe-vo-brak-pa-se-ozheni-so-nea-14_copy.jpg

Врската меѓу Мишо и Анита почнала неколку месеци пред изборот за Мис Тинејџерка. На почетокот тие само се дружеле, но потоа меѓу нив се развила љубов.

Работите отишле дотаму, што тие разговарале и за брак, а за скандалот да биде уште поголем, Ковач во тоа време беше во брак со Љубица Ковач.

Но, Мишо бил толку нестрплив да го прекине бракот, што пред еден свој настап во Опатија, на сопругата ѝ признал дека е заљубен во друга и која е девојката што ја сака.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-misho-kovach-zavede-maloletnichka-dodeka-beshe-vo-brak-pa-se-ozheni-so-nea-11.jpg

По ова, Мишо почнал да се крие од новинарите, се правдал дека е болен со температура, а потоа заминал на 2-месечна турнеја низ Босна.

Ова дополнително го оддалечило од сопругата, но го зближило со љубовницата, која патувала со него.

Според јавноста, врската со Анита била резултат на животната криза низ која минувал Мишо.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-misho-kovach-zavede-maloletnichka-dodeka-beshe-vo-brak-pa-se-ozheni-so-nea-08.jpg

Но, парот покажа дека е навистина заљубен, па Мишо се разведе од првата сопруга и две години откако изби скандалот, се венча со Анита, иако и нејзините родители се противеа на врската.

Од бракот тие ги добија синот Еди и ќерката Ивана.

Но, нивната идила ја уништи смртта на синот, кој загина во војната во 1990-те.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-misho-kovach-zavede-maloletnichka-dodeka-beshe-vo-brak-pa-se-ozheni-so-nea-15.jpg

Мишо, не можејќи да се соочи со загубата, го напушти семејниот дом.

„Си замина од станот. Неколку дена пробував да го добијам на телефон, по што се најдовме во мотел. Додека седевме на маса и го гледав можев само да кажам дека не можам да поверувам дека му се случи тоа.

Тој само кратко ми рече: ‘Ете, се случи’. Јас никогаш не би си заминала, тоа на мене немаше да ми се случи си помислив и знаев дека тоа е крајот на нашата љубов“, рекла своевремено Анита.

skandalozniot-ljuboven-zhivot-na-misho-kovach-zavede-maloletnichka-dodeka-beshe-vo-brak-pa-se-ozheni-so-nea-10.jpg

По разводот, Мишо уште еднаш се ожени, со Лидија Ковач, со која е во брак од 2002 година.

А. Ј. | Црнобелo / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

По скандалот, Душко се огласи, а Јелена Карлеуша си ужива во Дубаи со ќерките и си пее „Јас сум Барб... Душко Тошиќ ја исплатил заостанатата алиментација за децата, дури откако Јелена ...
Скандалот „Кој ја уби Јелена“ го потресе регионот - Пејачка (33) беше убиена, сопругот ослободен, па... Нејзиното убиство ја потресе цела Србија, но и регион, по повеќегодишна истрага,...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Невестата со прсти кине месо од вол, торта на 6 ката - Како изгледала свадбата на Саша Поповиќ и Суз... Брена им била кума, гостите „се тепале“ за микрофон и се фалеле колку пари им ос...

Најчитани неделава