По казната затвор, нова пресуда за родителите на детето-убиец од Рибникар - отштета од 60.000 евра за повредената наставничка

На крајот од 2024 година родителите на Коста Кецмановиќ беа осудени на казна затвор, татко му на 14.5 години, а мајка му на 3. Сега, пристигна нова пресуда за нив, а во тек се уште тужби против нив.

po-kaznata-zatvor-nova-presuda-za-roditelite-na-deteto-ubiec-od-ribnikar-otshteta-od-60-000-evra-za-povredenata-nastavnichka-01.jpg

На 30.12.2024 во Белград беа изречени казните за родителите на детето одговорно за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Коста Кецмановиќ на 3-ти мај 2023 усмрти деветмина ученици и вработениот во обезбедување, а застрела и наставничка.

Татко му Владимир Кецмановиќ беше осуден на 14.5 години зад решетки, додека мајка му Миљана доби три години затвор.

Сега, родителите на детето-убиец треба да одговараат за тоа што го воспитувале лошо синот, односно направиле пропусти во воспитувањето и му давале лош пример.

po-kaznata-zatvor-nova-presuda-za-roditelite-na-deteto-ubiec-od-ribnikar-otshteta-od-60-000-evra-za-povredenata-nastavnichka-02.jpg

Вака заклучи судијата од Вишиот суд во Белград, кој денеска (21.05.2025) донесе пресуда со која Владимир и Миљана Кецмановиќ треба да ѝ исплатат 6.900.000 динари (околу 59.000 евра) на наставничката по историја Татјана Стевановиќ, која беше тешко повредена во крвавиот напад извршен од нивниот син.

Ова е надомест за нематеријална штета, односно за физичката болка, стравот, душевната болка поради намалување на општата животна активност и поради нарушување на изгледот.

po-kaznata-zatvor-nova-presuda-za-roditelite-na-deteto-ubiec-od-ribnikar-otshteta-od-60-000-evra-za-povredenata-nastavnichka-03.jpg

Дел од пресудата гласи:

„Бидејќи штетата настанала како последица на нивното лошо воспитување, односно пропустите и лошите примери што му ги дале како родители, не се земаат предвид нивните тврдења дека наставниот и стручниот кадар во училиштето не укажале на потреба од интервенција во врска со однесувањето на детето.

Судот смета дека ако родител се одлучи неговото дете да стекне знаење и вештина за ракување со оружје, и ако тоа го мотивира да се интересира за ваков спорт или хоби, особено во период кога психофизички сè уште се развива, родителот мора да покаже поголема претпазливост и да го обезбеди оружјето и муницијата на соодветен начин.

Не се релевантни нивните тврдења дека штетата настанала без нивна вина, дека детето не било способно за расудување, и дека тие не можеле да го предвидат или спречат неговото однесување, бидејќи е утврдено дека во моментот на извршување на делото на 3 мај 2023 година, тој бил способен да ја разбере својата постапка и да управува со неа“.

Инаку, ова е една од пет граѓански тужби кои се покренати против Кецмановиќ.

Покрај наставничката, тужба поднело семејството на едно девојче кое загина тој ден, втората тужба ја поднеле групно 27 членови на семејствата на убиените, а третата и четвртата - двајца малолетници кои биле ранети при тој настан.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...

Најчитани неделава