Српска пејачка за сите здравствени проблеми со кои се соочила и изборила: „Имав тумор, бев во кома, јадев преку цевка“

Пад во бунар како дете, воспаление на јајници и анафилактичен шок од погрешна терапија во 20-тите, дијагноза рак во 30-тите, Србинка (44) искрено говори за сите проблеми на тема здравје со кои морала да се избори во животот.

srpska-pejachka-za-site-zdravstveni-problemi-so-koi-se-soochila-imav-tumor-bev-vo-koma-jadev-preku-cevka-01.jpg

Душица Грабовиќ (44) е српска пејачка и ријалити ѕвезда, со повеќе од 506.000 следбеници на својот Инстаграм профил, која покрај со музичката кариера, во регионалните медиуми е застапена и поради отвореното зборување за здравствените проблеми кои ги имала во текот на животот.

Инаку, Душица има работено и како учителка, а била дел и од граничната полиција и работела на аеродромот во Белград.

Но, во последните години со нејзиното име се поврзуваат многу скандали.

На тема здравје, меѓу другото Душица откри дека во минатото имала операција на тумор со големина од пет сантиметри.

Во изјава за српските медиуми, Душица раскажа низ каква агонија има поминато:

„Во првата година од животот ми течеше крв од ушите и еден ден итно ме префрлија во болница.

Лекарите успеаја да ми го спасат животот.

srpska-pejachka-za-site-zdravstveni-problemi-so-koi-se-soochila-imav-tumor-bev-vo-koma-jadev-preku-cevka-02.jpg

По неколку години имав незгода додека си играв со мојот брат близнак во близина на бунар.

Направив чамец од пластична чаша кој ми избега од раце, се лизнав и паднав во бунарот.

Мојот брат близнак почна да плаче на цел глас и неговиот плач го слушна случаен минувач, кој ми го спаси животот.

Ме однесоа во болница крвава, а по овој настан шест месеци јадев со сламка.

srpska-pejachka-za-site-zdravstveni-problemi-so-koi-se-soochila-imav-tumor-bev-vo-koma-jadev-preku-cevka-03.jpg

Во дваесеттата година од животот лежев во болница поради силно воспаление на јајници.

За да го забрзаат процесот на закрепнување, ми дадоа венска терапија, но беше погрешна. Доживеав анафилактичен шок и паднав во кома, од која не се разбудив два дена.

srpska-pejachka-za-site-zdravstveni-problemi-so-koi-se-soochila-imav-tumor-bev-vo-koma-jadev-preku-cevka-04.jpg

Тие два дена гледав само цвеќиња околу себе. Не знам дали тогаш доживеав клиничка смрт, но знам дека ништо не ме болеше додека не ги отворив очите.

Се сеќавам дека прво ја видов мајка ми, која тогаш сѐ уште беше жива.

srpska-pejachka-za-site-zdravstveni-problemi-so-koi-se-soochila-imav-tumor-bev-vo-koma-jadev-preku-cevka-05.jpg

Наредна траума ми беше кога во 31-та година од животот отидов на рутинска гинеколошка контрола.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Српска пејачка со исповед: „Се допишувам со бившата жена на бившиот сопруг“ „Да, точно е. Нас нè поврзуваат децата. Таа има син, јас имам ќерки, тие се сест...
Турист предупредува: „Бев на одмор во Црна Гора, наидов на рибата лав - прекрасна е, но отровна, вни... „Бидете внимателни, бидејќи може да се појави и во плитка вода. Рибата лав е мно...
Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...

Најчитани неделава