Српски ватерполист е срцекршач - Ѝ беше бивши на Ана Кокиќ, па се ожени и разведе со друга пејачка

Втората сопруга Милица индиректно спомена негови неверства, а крајот на нивниот брак кон крајот на 2024-та предизвика вистинска бура во јавноста.

Неколку месеци откако се разделија, Милица проговори за својот моментален емотивен статус, но и за врската со првата сопруга на Никола, пејачката Ана Кокиќ.

„Претпазлива сум во новите љубовни врски. Дувам и на јогурт.

Веќе не сум сама, имам дете и малку е потешко.

Прво морам да видам дали е доволно добар да ме поддржи во работата и да биде со моето дете.

Не се плашам од врските, но сум многу претпазлива во врска со тоа.

Време е да бидам сама, да уживам во самотијата и мајчинството“.

srpski-vateropolist-e-srcekrshach-i-beshe-bivshi-na-ana-kokikj-pa-se-ozheni-i-razvede-so-druga-pejachka-04.jpg

srpski-vateropolist-e-srcekrshach-i-beshe-bivshi-na-ana-kokikj-pa-se-ozheni-i-razvede-so-druga-pejachka-02.jpg

И покрај компликациите што често ги придружуваат семејните односи по разводот, Милица откри дека одржува убав контакт и со Ана Кокиќ, поранешната сопруга на Никола Раѓен.

„Порано одевме и на средби, а сега си разменуваме пораки за поддршка.

Таа е прекрасна жена, таа е мајка на децата на мојот поранешен сопруг. Имам добро мислење за неа.

Што се однесува до децата, никогаш не бев нивна маќеа, туку нивна пријателка. Се потрудив најдобро што можев, навистина“.

На тема довербата во врската и лекциите од минатото, Милица вели:

„Повеќе не простувам измами. Искрено, не знам колку имало во минатото, денес сум попаметна на таа тема“.

srpski-vateropolist-e-srcekrshach-i-beshe-bivshi-na-ana-kokikj-pa-se-ozheni-i-razvede-so-druga-pejachka-03.jpg

Инаку по разводот со Милица, Никола изјави:

„Заврши така како што заврши. Никогаш нема да чуете лошо од мене за мајката на моето дете.

Ниту јавно, ниту приватно, и така ќе остане.

Сигурно ќе го пребродам ова, не ми е прв пат.

Доволно сум свесен за себе, доволно сум свесен за моментот и зошто морам да го надминам“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg