Туристка се жали за цените во Хрватска: „Поскапо е и од Лондон, како живеат луѓето тука?“
- Детали
- недела, 29 јуни 2025
„Ни јас не знам како живееме овде“, „Не прашувај ништо, сестро“ коментираат Хрватите под објавата на Алекс за превисоките цени во маркетите во Хрватска, каде туна била 4 евра, а сладолед – 8 евра.

Aлекс од Велика Британија, потпишана какио @Alexathelion на ТикТок, по мајка има потекло од Хрватска, па затоа сега одлучила да ја посети оваа земја.
Но, покрај посетата на родното место на мајка ѝ, како и уживањето во убавините на Хрватска, таа проговори и за лошата страна, односно превисоките цени, кои се резултат на масовниот туризам.

Високите цени во Хрватска често се тема на расправа на социјалните мрежи, а сега и Алекс е шокирана од цените на храната за време на нејзината туристичка посета.

Во краткото видео, Алекс ги споредува цените со оние во Обединетото Кралство и вели дека Хрватска е поскапа дури и од Лондон.
Нејзиниот коментар дека туната во Хрватска е 4 евра, а сладоледот 8 евра предизвика лавина реакции.

Алекс вели:
„Се прашувам како живеат луѓето?
Не можам да поверувам колку е сè скапо, полошо од Лондон. Се прашувам како живеат луѓето тука, навистина.
Видов пакување туна од 4 евра. Гледам сладолед од 8 евра. Ова е како премиум шопинг во Велика Британија...“

Многумина се согласија со нејзините забелешки и во коментари ѝ напишаа:
„Хрватска има ужасни цени, не можеме да си дозволиме храна“.
„Ни јас не знам како живееме овде“.
„Ужасно живееме, ете, нека видат странците“.
„Туна од 4 евра е дури евтина“.
„Не прашувај ништо, сестро“.

Погледнете го видеото:
https://www.tiktok.com/@alexathelion0/video/7518023922328177943
Таа објави уште неколку видеа од Хрватска:
https://www.tiktok.com/@alexathelion0/video/7516924269360631062
https://www.tiktok.com/@alexathelion0/video/7517557766848777494
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
