Си ја убил сопругата, трипати бегал од затвор: Кој е првиот сериски убиец од Хрватска?

Винко Пинтариќ се смета за можеби првиот сериски убиец од модерната историја на Хрватска. Во период од 17 години, убил пет луѓе, а дури трипати успеал да побегне од затвор. На крај, бил убиен од полицаец додека бил во бегство.

si-ja-ubil-soprugata-tripati-begal-od-zatvor-koj-e-prviot-seriski-ubiec-od-hrvatska-01.jpg

Сериските убијци се нешто што не замислуваме дека постои во наша близина.

Ги гледаме во филмови, читаме за убијци од реалноста, но секогаш се во некоја далечна земја, како Америка.

Но, низ годините, и во балканските земји се појавувал по некој сериски убиец, како Винко Пинтариќ од Хрватска.

Винко убил пет лица, во период од 17-тина години, неколкупати бегал од затвор и се смета за можеби првиот сериски убиец од модерната историја на Хрватска.

Бидејќи бил искусен во ракувањето со огнено оружје, а бил и мошне насилен, со години сеел страв, пред да биде убиен од хрватската полиција.

si-ja-ubil-soprugata-tripati-begal-od-zatvor-koj-e-prviot-seriski-ubiec-od-hrvatska-06.JPG

Што знаеме за него?

Вино Пинтариќ бил роден во 1941 година, во село во близина на хрватскиот град Бјеловар.

Неговиот татко загинал за време на Втората светска војна, а неколку години подоцна неговата мајка се премажила.

Но, нејзиниот нов сопруг бил насилен алкохоличар, а Винко често му бил на мета.

Трауматичното детство го направило Винко гневна личност, а според некои извори, честопати зборувал за тоа дека ќе се одмазди за татко му.

Во тинејџерските години почнал да се интересира за огнено оружје, а бидејќи немал дозвола, полицијата неколкупати му ги конфискувала оружјата.

si-ja-ubil-soprugata-tripati-begal-od-zatvor-koj-e-prviot-seriski-ubiec-od-hrvatska-09.JPG

Кога првпат стапил во брак, Винко не бил во добар однос со родителите на сопругата. Па, ги нападнал поради што поминал некое време во затвор.

По ослободувањето ставил крај на бракот, се преселил во хрватскиот град Забок и се венчал со друга жена.

Со неа добил ќерка, а таа веќе имала дете од претходен брак. И, наводно, овој период Винко навистина само сакал да си го среди животот и да го остави минатото зад себе.

Но, во 1973 година, Винко го извршил првото убиство што засекогаш ќе му ја промени судбината.

si-ja-ubil-soprugata-tripati-begal-od-zatvor-koj-e-prviot-seriski-ubiec-od-hrvatska-02.JPG

Винко пробувал да добие работа во локална фабрика, а откако го одбиле, почнал да верува дека причината се браќата на неговата сопруга кои веќе работеле таму.

Истата вечер испил многу алкохол, а кога се вратил дома почнал караница со неговите соседи.

Караницата ескалирала – Винко зел пиштол од неговиот дом, го убил едниот сосед, а другиот го ранил.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg