Си ја убил сопругата, трипати бегал од затвор: Кој е првиот сериски убиец од Хрватска?
Винко самиот се пријавил во полиција по 18 дена, по што бил однесен во психијатриска болница, а неколку месеци подоцна избегал од болницата и почнал да се крие од надлежните.
Но, истовремено, Винко почнал да се соочува со параноја – мислел дека неговата сопруга кова заговор против него и сака да го пријави во полиција.
Па, во октомври истата година ја убил и неа и побегнал од градот
Наводно, Винко бил пијан кога ја убил сопругата и следниот ден не се ни сеќавал – сфатил што направил дури откако слушнал за убиството.
На почетокот од следната година полицијата успеала да го лоцира Винко и по кратко преговарање, го убедиле да се предаде.
Го обвиниле за две убиства, обид за убиство и загрозување на безбедноста на неговите соседи.
Винко признал вина, но пробувал да се брани со фактот дека бил пијан и бил испровоциран за да ги изврши убиствата.
Судијата не го зел ова предвид и Винко добил смртна казна. Но, набрзо потоа казната била ублажена во 20 години зад решетки, во затвор со максимално обезбедување.
Винко ја отслужувал казната во затворот во Стара Градишка кој денес не е во функција. Се истакнал со примерното однесување, па почнал да добива некои привилегии.
Сепак, по осум години, во период кога поднел барање за порано ослободување, Винко почнал да кажува закани за неговите поранешни соседи.
Свесни за заканите, надлежните му ги одбивале барањата.
Па, Винко го направил она што веќе го имал правено претходно – побегнал од затворот, по што стапил во контакт со неговиот адвокат и му кажал дека ќе убие многу луѓе.
Додека бил во бегство, Винко живеел во село на 40-тина километри од Загреб со жена која му помагала да врши кражби.
Сите од селото знаеле дека е побегнат затвореник, но одлучувале да молчат.
Но, кога жената била уапсена за кражба, Винко со оружје почнал да им се заканува на соседите дека ќе ги убиел сите ако не ја ослободат. Неколку соседи успеале да го соборат и му нанеле сериозни повреди, па повторно завршил во затвор.
Винко добил уште 20 години зад решетки, а овој пат бил префрлен во затворот Лепоглава во северниот дел на Хрватска.
Во 1989 година успеал да побегне и од овде и отишол во Хрватско Загорје каде што ограбувал куќи и се криел во шума во близина.
Околу една година подоцна, полицијата добила повик од личност која го забележала Винко.
Неколку полицајци отишле да разговараат со локалец кој живеел во областа, но набрзо потоа Винко го убил, мислејќи дека тој го предал.
Последното убиство Винко го извршил во август 1990 година, а неговата жртва бил маж кој само го прашал дали е добар.
Полицијата веќе активно го гонела Винко и по неколку неуспешни обиди да го фатат, конечно го затекнале во 1991 година, во Забок.
Тој период Винко имал девојка, па полицијата ја опколила нејзината куќа. Кога Винко излегувал од куќата и му рекле да се предаде, тој почнал да стрела кон полицајците.
Успеал да се врати во куќата и кога станало јасно дека нема да се предаде, полицајците почнале да користат солзавец.
Во паника, Винко ја застрелал девојка му (која преживеала), почнал да стрела кон полицијата, а на крај и самиот бил ранет и умрел.
Спирова С. | Црнобело
