Торта од 1.5 метар, 5 шлепери декорации, Цеца запеа: Раскошно обновување завети за 40 години брак на Зорица Брунцлик
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2025
Српски естраден пар прослави 40 години брак со 1.000 килограми цвеќе, свадбена торта со 6 нивоа, 12 кристални лустери, 5 метри долга бина за музичарите... Тие си ги обновија заветите, а повторно имаа прв танц, за кој им пееше Ацо Пејовиќ. Запеаја и Цеца и Ана Бекута.

Српската пејачка Зорица Брунцлик и хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш вчера (29.06) приредија гламурозна церемонија во дворот на нивниот дом во Белград, по повод обновувањето на брачните завети по 40 години љубов.

Тие пред 40 години го изговорија судбоносното „да“, а сега повторно си ја потврдија љубовта пред најблиските.
На свеченоста присуствуваше и матичар, со што чинот доби и официјален карактер.
Кликнете на видеото:
Во чест на овој голем јубилеј, Зорица и Кемиш организираа вистинска свадбена церемонија. Дворот и вилата беа украсени во розова и златна боја - со розови теписи, рози и многу луксузни детали, откриваат српските медиуми.

Парот беше облечен во бело, а покрај нив беа и нивните деца и внуци.
Кликнете на видеото:
Свадбата беше дел од прославата за 40 години брак, нивно четврто „венчавање“ (имаат правено и другпат вакви церемонии) и 70-ти роденден на Зорица.
Oд свадбата низа фотографии објави и српската водителка Сања Маринковиќ.


