„Најубавата земја во Европа“ - Турист објави видео од раскошна вила во Хрватска, каде плаќа 2.500 евра од ноќ и ги подели мислењата
- Детали
- среда, 02 јули 2025
„Нема шанси Хрватска да е меѓу топ 5 европски дестинации“, „Преценета е“... Се дел од коментарите на видеото каде Британец го прикажува восхитот од оваа земја и луксузното сместување во кое престојува.

Многу Британци ја избираат Хрватска како дестинација за летен одмор, па меѓу нив е и еден млад дечко кој е потпишан на ТикТок како @hk02160.
Тој во видео ги сподели своите импресии од луксузната вила во Трогир, каде што престојувал и каде ноќевање чини дури 2.500 евра и предизвика лавина од реакции.

Инаку, Трогир е град со 10.000 жители, чиј стар град е заштитен од Унеско. Се наоѓа на околу 27 километри од Сплит.
Видеото започнува со кадар од горниот дел на куќата, каде што се наоѓа пространото предворје од кое се гледа Јадранот.

„Поглед од соништата“, вели Британецот додека камерата се движи кон дневната соба и трпезаријата, кои се со модерен дизајн.
Потоа, тој го покажа џакузито на терасата и нeверојатната глетка:
„Погледнете ги овие јахти, како да сте на филмски сет, а само неколку чекори ве делат од морето“.


Тој откри и дека вилата има лифт кој ги поврзува сите нивоа: „Луксуз на квадрат, иако можеби малку претеран“.
Открива и дека секоја спална соба има сопствено купатило и тераса, кујната изгледа како од каталог, а во дворот има базен достоен за најскапите хотели. Има и гаража, сауна и целосно опремена теретана во подрумот.


Сепак, видеото предизвика поделени реакции.
Многумина коментираа дека Хрватска не е толку бајковита како што се претставува во видеата од овој тип.


„Нема шанси да е меѓу топ 5 европски дестинации“, „Освен Хвар, сè друго ми изгледаше сиво и запуштено“, „Преценета е“, „Ги гледаме туристите како уживаат во нешто што ние, кои живееме тука, најверојатно никогаш нема да можеме да си го дозволиме“, се дел од коментарите.
Што мислите вие?
Погледнете го видеото:
@hk02160 boomed off a lil tour
♬ original sound - hkvibing
С. С. | Црнобело
