Maja Шупут се разведе од сопругот, а уште живеат заедно: „Нема потреба од раздвојување, ние сме модерна фамилија“
- Детали
- недела, 13 јули 2025
„Сè уште се дружиме и летуваме заедно како семејство. Јас сум мајка која мора да оди на настапи и природно е детето да биде со таткото. Сите сме заедно, една модерна фамилија и живееме во заедница, како и претходно“, вели хрватската пејачка во првото интервју по разводот.

Пејачката Маја Шупут го даде првото интервју по разводот за хрватскиот магазин Story и откри како функционираат со некогашниот сопруг по разделбата.
Таа на почетокот на јуни објави дека се развела од Ненад Татаринов, но и понатаму живеат заедно поради нивниот син, кој го доби на 41 година.

Маја за магазинот Story откри како функционираат по разводот:
„Сè уште се дружиме и летуваме заедно како семејство. Јас сум мајка која мора да оди на настапи и природно е детето да биде со таткото.
Но, секогаш брзам назад, затоа што сите знаат дека сум вљубена во своето дете и дека тоа ми е светост.

Сите сме заедно, една модерна фамилија, согласни, весели и живееме во заедница, како и претходно.
Нема потреба од раздвојување. Ова за нас е природно, нормално, пријатно и најздраво за детето“.

Таа нагласи дека разводот не променил ништо во нивниот однос како родители.
„Ненад е присутен цело време, не доаѓа повремено. Затоа сум најсреќна, бидејќи нема ништо поубаво од тоа детето да е со таткото кога мајката е на пат.
А уште е поубаво кога сите сме заедно.
Кај нас сè е сосема нормално, исто како и претходно“.

