Гените се чудо: Ќерката на Наташа Беквалац ја надмина мајка си со убавината
- Детали
- сабота, 12 јули 2025
„Каква мајка, таква ќерка“, важи во случајот на Наташа Беквалац и нејзината ќерка Хана Икодиновиќ. Хана објави фотографија во монокини од одморот во Црна Гора со мајка си, но претходно привлече огромно внимание на Инстаграм со најсмелиот фустан што го облекла досега.

Пејачката Наташа Беквалац од бракот со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ ја има ќерката Хана Икодиновиќ, која неодамна матурираше.

По тој повод, на едно место се појавија и двајцата нејзини родители – нешто што не се случило со години, тврдат српските медиуми.

По матурската прослава, Хана замина на заслужен одмор покрај море, од каде што споделува фотографии кои привлекуваат сè поголемо внимание од јавноста.

Таа на својот Инстаграм профил има повеќе од 24.000 следбеници.

Хана моментално престојува во Црна Гора со мајка ѝ Наташа и помалата сестричка Катја, а на социјалните мрежи објави фотографија во едноделен, црн костим за капење кој ѝ стоеше совршено.


Сепак, најмногу внимание Хана привлече со еден светло виолетов фустан со отсечоци, кој го објави на почетокот од јули.

Инаку, Наташа во едно интервју откри дека иако не е строга мајка, но сепак е внимателна:
„Хана сега би дошла на мој концерт. Да ја прашав порано, не би сакала. Се правеше важна.
Катја е сè уште мала за концерти и настани.
Хана ова лето беше на еден фестивал во Белград - ја поддржав. Многу сум загрижена кога Хана излегува некаде. Важно ми е секогаш да знам каде е и што прави.
Секогаш се договараме кога ќе се врати. Важно е да не ја загрози мојата доверба, на пример ако се врати подоцна од договореното време“.

