Бастијан Швајнштајгер во Србија бил како дома, со кафеани и пријатели - новиот живот со Бугарката Силва му штети на имиџот
- Детали
- вторник, 05 август 2025
„Бастијан за Белград зборува само најубаво, многу го сака нашиот менталитет, кафеаните, музиката, но најзабавно е што кога одиме во кафеана секогаш сака да нарача песна“, изјави Ана Ивановиќ додека беше во брак со Бастијан. Сега, сето тоа е минато, а тој разменува страсти со новата девојка и се фали дека за роденденот добил торта со натпис: „Среќен роденден најдобар татко“.

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ставија точка на својот брак, но јавноста сè уште не може да се помири со разделбата на еден од омилените и навидум најхармонични бракови.
Поранешната тенисерка и германскиот фудбалер со години важеа за складен пар.

Српските медиуми пишуваат дека Швајнштајгер, кога одел во Белград бил спектакуларно дочекуван и бил како свој на своето.
За време на заедничкиот живот со Ана, развил посебна наклонетост кон српската култура, па обожавал сè таму - од храната и музиката, до кафеанските вечери и спортските настани во Белград.

Тој со леснотија учел српски зборови, често слушал српска музика и со задоволство им oставал бакшиш на музичарите кои свиреле во локалите каде излегувале со Ана.

За овие мигови некогашната тениска шампионка во една пригода зборуваше:
„Бастијан има и тука пријатели, секогаш времето во Србија убаво си го организира.
Навистина за Белград зборува само најубаво, многу го сака нашиот менталитет, кафеаните, музиката, но најзабавно е што кога одиме во кафеана и секогаш сака да нарача песна.
Бидејќи понекогаш не ги знае сите песни, тогаш нарачува „Ла Бамба“, па некогаш и неколку пати му ја свират“.
Но, помеѓу омилените песни му бил дуетот на Северина и групата Министарке „Uno momento“.
Инаку за новата девојка на Бастијан, Бугарката Силва, на социјалните мрежи има брутални коментари од типот:
„Сè што треба да знае оваа девојка е дека ќе заврши како Ана“, напиша една девојка, потсетувајќи дека Швајни ја изневери и Сара, со која беше во врска пред Ана Ивановиќ.
фото: Инстаграм