Српска водителка, која по долга борба стана мајка на 41 година: „Ти, која тајно патиш навечер додека си сама во бањата...“
- Детали
- понеделник, 11 август 2025
„Ти, која со насмевка на лицето (додека внатрешно се распаѓаш) поднесуваш прашања на својата мајка, другарка, далечна, но секогаш љубопитна тетка: 'Кога ќе имате дете, што чекате, времето отчукува?' Ова е посветено на тебе...“, искрено вели Оља Црногорац (41) , која по долга борба со неплоднста, неодамна го доби синот Богдан.

Оља Црногорац (41) неодамна се реализираше во улогата на мајка, а сега објави неколку фотографии со својот син Богдан на социјалните мрежи, заедно со порака за сите жени кои, како неа, се бореле долго за потомство или сè уште се борат.
Нејзината емотивна објава гласи:
„Ова е само за тебе...
Ти, која тајно патиш навечер додека си сама во бањата и се гледаш во огледалото и се прашуваш до кога ќе трае твојата борба и дали и колку уште можеш да издржиш.

Ти, која со насмевка на лицето (додека внатрешно се распаѓаш) поднесуваш прашања на својата мајка, другарка, далечна, но секогаш љубопитна тетка: „Кога ќе имате дете, што чекате, времето отчукува?“
Ова е посветено на тебе која последниот свој денар го даваш за разни глупости, кои ти ги препорачала баба од соседството, која вели дека нејзината внучка пиела нешто и останала бремена.

Ти, која стоечки ја поднесуваш секоја нова дијагноза и поглед на докторот кој изгледа како да ти кажува: „Застани, доволно е, твоето тело не може повеќе“.
Ти која сè уште имаш надеж и која веруваш дека крајот не е кога тие ќе кажат. Крајот не е кога ќе ти недостасува сила. Крајот не е дури ни кога сите ќе се откажат од тебе, крајот не постои.

Дури и кога не кажуваш никому ништо, верувај… биди силна, биди свој херој, никој нема да го направи ова за тебе.
Ти и не сфаќаш каков ураган си. Како ни јас. До денешен ден, кога конечно го земав мојот ангел во раце“.

Инаку, некогашната водителка искрено откри и кои здравствени проблеми ја мачат по породувањето.
Таа вели:
„Отидов во болница со 76 килограми, а се вратив со 75 килограми.
Мојата надбубрежна жлезда не ја излачува водата поради Адисоновата болест.
Не гледам добро, лицето ми е изобличено, зглобовите како на слон.
Како да не се случува ништо околу мене, не сум свесна за ништо, не сум добро, но сепак сум добро“, заклучува таа мислејќи на тоа што е среќна што успеала да го добие синот Богдан и дека ќе успее да се справи со сите проблеми.
Кликнете на видеото:
Прочитајте и „Тeшко ќе станеш мајка“ - Српска водителка забремени на 41 година природно, додека барала сурогат мајка од Грузија
С. С. | Црнобело