Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ја сака“
- Детали
- вторник, 02 септември 2025
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она подоцна. Потоа се омажи за некој Раста... И почнаа сите тие скандали. Борба со менаџерите, бившите, публиката. Таа и понатаму би сакала некого да прегрне и сака. Но џабе кога веќе не верува никому, а сè помалку и себеси“.

Стефан Симиќ, писател од Србија, го коментира скандалот со Ана Николиќ, односно сите скандали кои ја следат во изминатите години и нејзиниот постепен пад од светла точка на регионалната естрада до личност која се движи кон својата пропаст.
Прочитајте и Ѝ фали заб, има лузна на лицето: Ана Николиќ ги загрижи фановите со изгледот и однесувањето
Тој пишува како ја доживува неа, а дали информациите што ги сервира се вистинити или само ја драматизира целата ситуација, не знаеме, но дефинитивно го доловува падот и болката на балканската Бритни Спирс.
Објавата на Стефан:
„Ана Николиќ е од мојот роден град.
Живееше стотина метри од мене.
Јас сè уште дете, таа веќе девојка.
Се појави на Третиот канал, пееше невино, нежно.
Со затворени очи.
Никако налик на она подоцна.
Потоа сними некои хитови,
од кои не знам ниту еден.
Не беше тоа музиката што ја слушав.

Секогаш некои постари типови околу неа,
кои знаеја што е најдобро за неа.
Поточно за себе, покрај неа.
Потоа се омажи за некој Раста,
кој е мој врсник.
И почнаа сите тие скандали.
Од интервјуата остана жолтата печат.
Се сеќавам, еднаш.
Во нашиот крај.
Седев на клупа, покрај реката.
Таа нешто му зборуваше на некого.
Гледаш енергија, став, сила.
Цела гори да го освои светот.
Тогаш ѝ беа затворени очите додека пееше.
Денес широко отворени, но тажни и празни.
Вториот пат ја видов пред зградата,
како плаче.
Сè уште недопрена од животот.
ТВ ѕвезда, а јас дете, кое таа не го гледа.
Да имав тогаш храброст да ѝ кажам – пеј тивко, за нас, не за нив –
можеби денес поинаку ќе пееше.
Поминаа повеќе од 20 години од тогаш.
Сè тоа некаде исчезна.
И оној невиниот лик од почетокот.
А таа во борба да остане на пазарот.
Борба со менаџерите, бившите, публиката.
