Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ја сака“
И таа и јас се занимаваме со песна.
И кој знае колку песни зад нас.
Само што нашите песни се разликуваат.
И животите.
Неа секој мораше да ја види.
Мене никој.
Уживав да бидам невидлив.
Веројатно така помалку те оштетуваат,
ти ја земаат душата,
те трошат.
И подолго траеш.
Можеше да пее некои други песни,
за некои други луѓе.
Тивко, нежно, како што почна,
каде музиката не е скандал, натегање за микрофон,
туку уживање за одбрани.
И по 20 години пак плаче.
Само што тогаш се криеше, никој да не ја види.
Сега тоа го снима,
и сака сите да видат.
Очaj, бес, крик.
Веројатно ѝ е полесно.
А не е.
Можеби само некој можеше нормално да ја сака.
Ништо повеќе.
Некој што би ја третирал како убава жена,
која убаво пее.
Не.
На сите им беше проект.
Старото друштво си замина, сите на своја страна.
А таа сама.
На крај остануваат песните.
Останува името на естрадата.
И празнината.
Која и понатаму би сакала некого да прегрне и сака.
Но џабе кога веќе не верува никому,
а сè помалку и себеси“.
Стефан Симиќ
Прочитајте и Ана Николиќ претепана од партнерот, објави вознемирувачки кадри со повреди и крв: „Ми ја скрши слепоочницата“
С. С. | Црнобело
